Љубителите на чоколадо ќе бидат воодушевени од овој рецепт. Се подготвува многу лесно и со евтини состојки, па затоа е идеален и за неочекувани гости. Оваа чоколадна торта е фантастично уживање за секоја пригода, кога сакате да ги задоволите гостите и членовите на семејството со нешто слатко по богата гозба.
Од малку состојки кои постојано ги имате дома, направете си ја оваа торта која е многу сочна и при секој залак се чувствува како се разлева чоколадото. По желба може да ја надополните со црвено шумско овошје, но и вака без ништо е превкусна. Сите што ја пробале останале воодушевени. Еве што ви е потребно.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 1 јајце, 30 г шеќер, 170 мл јогурт, 70 мл млеко, 20 г какао, 60 г брашно, 1 лажичка прашок за печиво. ЗА ГЛАЗУРА: 120 г чоколадо, 30 мл млеко. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 250 мл јогурт, 100 мл масло, 100 мл млеко, 3-4 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 7 лажици брашно, 3 лажици какао во прав, 1 прашок за печиво и 200 мл сок од портокал за полевање. ЗА ФИЛ: 1 литар млеко, 3 пудинзи од чоколадо и вкус на портокал, 5 лажици шеќер, 100-150 г чоколадо.
ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Јајцата, млекото и јогуртот се оставаат да се стоплат на собна температира. Во еден сад скршете го јајцето, додајте го шеќерот и изматете ги состојките со миксер додека јајцата да се згуснат и да се надигнат, а шеќерот да се растопи во нив.
Потоа се додаваат јогуртот и млекото и се продолжува со миксирање на смесата уште малку време, до соединување. Додајте го просеаното какао, брашното и прашокот за печиво, постепено, па соединете ја смесата со шпатула, додека да нема грутчиња од сувите состојки. Смесата треба да има течна конзистентност и светло кафеава боја.
Добро подмачкајте едно тавче со нормална големина и ставете го на рингла вклучена на ниска температура. Кога маслото малку ќе се загрее, истурете ја смесата за тестото и нежно распоредете ја низ целата површина на тавчето. Покријте со капак и гответе на ниска температура, додека да се формира кора која е тенка и испечена и однатре.
ЗА ГЛАЗУРАТА: Чоколадото растопете го на пареа, па додајте го топлото млеко и убаво измешајте. Испечената кора оставете ја сосем малку да се олади, па исечете ја на 8 еднакви триаголници, како да сечете пица. За едно послужување се користат 4 триаголници.
Врз секој триаголник премачкајте со чоколадо, додека наредите четири триаголници едно врз друго, а и четвртиот се премачкува со глазурата. Направете го истото со останататата половина за второто послужување. Ставете во фрижидер половина час, па потоа изедете го.
ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Во еден сад ставете јогурт, масло, млеко, шеќер и ванила, па убаво со жица за матење изматете додека да се соединат состојките. Во друг сад измешајте го брашното со прашокот за печиво и какаото, па додајте ги сите суви состојки во течната смеса, па добро промешајте.
Во меѓувреме рерната загрејте ја на 180-200 степени, па добиената смеса излејте ја во плех со средна величина, претходно намастен со путер или маргарин. Ставете да се пече 10-15 минути или во зависност од вашата рерна и проверете со чепкалка кога е готов.
Печената кора извадете ја од рерна малку да излади, а потоа прелијте ја со ладен сок од портокал. ЗА ФИЛ: Во 200 мл млеко убаво промешајте го прашокот за пудинг да нема грутчиња, а остатокот од млекото ставете го на оган. Кога ќе зоврие постепено додајте го разматениот пудинг со постојано мешање, додека да згусне.
Додека е топол пудингот во него додадете искршено чоколадо и промешајте додека да се растопи и соедини. Толиот пудинг нанесете го врз печената кора, натопена со сок од портокал, па рамномерно израмнете. Вака приготвениот колач оставете го неколку часа во фрижидер убаво да се олади, а најдобро преку цела ноќ. Деталите од целата постапка за првиот рецепт може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.