Правењето кекси колач никогаш не било полесно со едноставни состојки, без печење. Десертите направени со бисквити стануваат се попопуларни, бидејќи дури и комплетните почетници во кујната успеваат да ги подготват. Нема печење на пандишпан или комплицирани филови, а вкусот е одличен.
За овој рецепт направете прекрасен фил од какао кој ќе го премачкате преку бисквитите, а потоа сè премачкајте со бела глазура. Кога ќе се олади, послужете. Рецептот за овој неодолив деликатес ќе ве воодушеви, бидејќи не само што освежува, туку се состои од сечии омилени состојки. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 1 јајце, 80 г шеќер, 1,5 лажици пченкарен скроб, 1 лажица какао, 500 мл млеко, 30 г путер, 200 г бисквити со какао, 60 г бело чоколадо, 4 лажички масло.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 100 г путер/маргарин, 100 г шеќер во прав, 4 јајца, 130 г чоколадо, 1 лажица какао, 1 кесичка ванилин шеќер, 70 г брашно, 1 лажичка прашок за печиво, ½ лажичка сол, 70 мл слатка павлака, 130 мл млеко. ЗА КРЕМ: 400 г нутела, 400 г крем сирење, 250 г сечкани лешници, 100 г наполитанки. ЗА ГЛАЗУРА: 200 г темно чоколадо, 200 мл слатка павлака.
ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Јајцата пенасто изматете ги со шеќерот во прав, па додајте го скробот и какаото. Матете додека да се разбијат сите грутчиња, а потоа излејте го млекото и соединете. Вака подготвената смеса префрлете ја во тенџере на рингла и со постојано мешање, гответе додека да се згусне.
Бисквитот наредете го во огноотпорен сад, па сипете половина од филот, па повторно наредете го бисквитот и прелијте ја другата половина од филот. Протресете го садот малку за да се изедначат состојките и покријте го со фолија и оставете го да отстои во фрижидер еден час.
Белото чоколадо растопете го со маслото, па прелијте го врз филот и повторно ставете го во фрижидер уште 10 минути за да се стегне глазурата. Послужете со сечење на коцкасти парчиња. Деталите за првиот рецепт погледнете ги ОВДЕ, а во продолжение прочитајте ја постапката за вториот рецепт:
ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Со миксер изматете ги путерот и шеќерот заедно. Чоколадото растопете го на пареа. Во путерот додајте 4 жолчки, една по една, а потоа и малку разладеното чоколадо, какаото и ванилин шеќерот.
Брашното помешајте го со прашокот за печиво и солта, додајте ги во смесата, па полека со лажица промешајте. Потоа додајте ја слатката павлака, млекото и цврсто изматениот снег од белките. Внимателно промешајте со лажицата за да се изедначат состојките, а сепак да остане воздушесто.
Испечете ја кората во плех обложен со хартија за печење на 180 степени, околу 30 минути. Готовата кора оставете ја да излади, а потоа пресечете ја надолжно и спремете ја за филување.
ЗА КРЕМОТ: Изматете го крем сирењето, додајте нутела, сечкани лешници и издробени наполитанки. Се филува тортата и се прелива со чоколадо. Се загрева слатката павлака, се трга од оган и се додава чоколадото. Полека се промешува и се прелива преку тортата. Се украсува по желба.
Совет: Јас оваа торта ја правев во двојна доза, бидејќи е превкусна, не е премногу склатка, а преполна е со чоколадо. Мој совет за сите кои ќе се одлучат да ја направат, е да ги удвојат состојките, зошто се јаде додека трепнеш и не останува за после.