Палачинките се омилената закуска, а секоја домаќинка си има свој таен рецепт за нивна подготвка. Освен вкусното тесто кое е густо и течно како јогурт, потребно е да имате нелеплива (тефлонска) тава специјална за палачинки или некоја која ја користите само за оваа намена.
Третата важна работа е температурата на која се печат палачинките. Имено, тенкото тесто е потребно да се испече кратко на висока температура, зашто ако се пече на ниска, постои ризик палачинките да излезат твдри и гумени.
Досега читателите на НМД имаа можност да прочитаат неколку одлични рецепти за навистина вкусни палачинки, меки како памук, а овојпат ви претставуваме еден нов рецепт кој користи една тајна состојка, со која нема шанси да не ви успее ова тесто.
За сите кои го пропуштиле претходниот рецепт за најдобрите палачинки, ќе имаат можност да го прочитаат како втор, веднаш под првиот. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 200 мл млеко, 200 мл газирана вода, 100 мл сончогледово масло за готвење, 1 супена лажица шеќер, 1 мала рамна лажичка сол, 1 супена лажица јаболкова киселина, 200 г брашно тип 400
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 400 г брашно, 400 мл млеко, 400 мл газирана вода, 4 лажици масло, малку сол и 1 кесичка ванилин шеќер (10 г)
ПОСТАПКА за рецепт 1: во подлабок сад скршете две јајца и енегично изматете ги со кујнска жица-маталка. Потоа додајте една чаша (200 мл) млеко, па повторно изматете. Додајте една чаша газирана вода и половина чаша масло за готвење.
Добро изматете додека убаво да се соединат и изедначат влажните состојки. Потоа започнете постепено да го додавате брашното. Најдобро е да го додадете на двапати или повеќепати, за поубаво да се измеша и да нема грутчиња.
На крај додајте го шеќерот, солта и оцетот, па изматете уште кратко до целосно изедначување. Смесата треба да биде течна и густа како јогурт. Загрејте ја тавата и премачкјате ја површината со малку масло.
Со кутлача излевајте од тестото и распоредете го во тенок слој преку целата тава, движејќи ја под агол. Печете една минута од едната страна, превртете ја палачинката, па печете уште половина минута од другата страна. Печените палачинки редете ги една врз друга, па филувајте ги со вашиот омилен џем или крем. Деталите погледнете ги ОВДЕ. Следи постапката од вториот рецепт:
ПОСТАПКА за рецепт 2: Јајцата изматете ги со жица, па додајте половина брашно и млеко, па сето добро соединете го. Потоа додајте ја втората половина од брашното и млекото, малку сол, ванилин шеќер и масло, па соединете да нема грутчиња. На крај додајте ја газираната вода и добро промешајте да се изедначи и стане мазна.
Смесата оставете ја еден час да одмори во фрижидер. За тоа време убаво ќе се спојат состојките и подобро ќе се пече тестото, а палачинките од прва до последна ќе бидат исти по дебелина. Тавчето за палачинки намастете го со малку масло и добро загрејте го, а потоа излејте една кутлача од смесата во него.
Брзо и рамомерно разлејте на сите страни и печете неколку секунди од едната страна, па превртете и на другата страна, печете исто толку или пократко. Печените палачинки редете ги една врз друга, најгорната поклопете ја со со втората превртена на чинијата и филувајте по желба.