Ова е една многу вкусна салата, а покрај сè внатре, ништо друго и не ви треба. Може да се приготвува во секој период од годината, како лесен оброк, или како салата. Се надеваме дека ќе ви се допаднат нашите предлози, а за последниот (4) рецепт има и видео презентација. Еве што е потребно:

рецепт 1




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г тестенини, 400 г туна во парче (во сопствен сок), 1 главица црвен кромид, 1 морков, 3 стапчиња целер (ако немате, може и само лист или без целер), 50 г суво грозје, 1 помала краставица, 6 супени лажици мајонез, 6 супени лажици кисела павлака/цврст јогурт, 200 г мини/шери доматчиња, 50 г пченка во зрно (од лименка), неколку листови зелена салата

рецепт 2

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 главица црвен кромид, 2 пиперки, 4-6 домати, 2 конзерви туна, 2 супени лажици свежо исцеден лимонов сок, 3 супени лажици маслиново масло, 1 конзерва пченка во зрно од конзерва, сол, црн пипер, магдонос

рецепт 3

РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 конзерва пченка во зрно, 1 конзерва туна, 1 домат, малку магдонос, малку маслиново масло, сол, црн пипер, лимонов сок – сè по желба. Доколку додадете варен ориз или тестенини, ќе добиете комплетен освежителен оброк.

рецепт 4

РЕЦЕПТ 4 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г туна, вода, 1 лажичка сол, 250 г тестенини, 1 супена лажица маслиново масло, 90 г кромид, 100 г зелена пиперка, 100 г црвена пиперка, 80 г јаболко, 2-3 супени лажици лимонов сок, 100 г краставица, 80 г пченка во зрно од конзерва

ЗА ДРЕСИНГ НА САЛАТАТА: 2 мали лажички сенф, 1-2 супени лажици соја сос, 1-2 супени лажици кечап, 2-3 супени лажици мајонез, 2 супени лажици маслиново масло, 3-4 супени лажици лимонов сок, сол и црн пипер по вкус




ПОСТАПКА за рецепт 1: сварете ги тестенините во вода со малку сол и малку маслиново масло. Морковот изрендајте го на крупната страна од рендето, кромидот исечкјате го, целеровите стебленца, додајте суво грозје, туна, пченка во зрно, шери доматчиња и зелена салата.

Сето убаво промешајте го, посолете и запишерете по вкус. Мајонезот и киселата павлака/јогуртот помешајте ги и прелијте ја салатата. Следи постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: Туната добро исцедете ја од течноста. Додајте зеленчук по желба сечкано на коцки или кругови. Посолете и запиперете по вкус, па додајте лимонов сок и маслиново масло, па сето добро измешајте го. Салатата е одлична кога малку ќе отстои во фрижидер. Следи рецептот за третиот рецепт кој се приготвува за помалку од 10 минути:




ПОСТАПКА за рецепт 3: Туната исцедете ја од течноста, доматот исечкајте на коцки, исцедете ја прченката од саламурата. Сите состојки измешајте ги во подлабок сад, додајте малку маслиново масло, а по желба лимонов сок или оцет. Следи постапката за четвртиот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 4: во подлабоко тенџере ставете вода да зоврие, па додајте полна лажичка сол и додајте ги тестенините. Промешајте за да не се залепат и од моментот на повторното зовривање, мерете го времето и варете ги точно онолку минути колку што е обележано на амбалажата.




Сварените тестенини вадете ги со решеткава лажица или цедалка и добро исцедете ги. додајте им маслиново масло додека се топли и промешајте ги. Во посебен сад мешајте го сечканиот селенчук. Зеленото јаболко исто така ситно исечкјате го и полијте го со малку лимонов сок за да не потемнува.




Краставицата доколку е млада и органска не ја лупете, па исечкајте ја и неа на ситни коцки. Пченката исцедете ја од течноста во конзервата и додајте ја во мешавината. Во трет посебен сад измешајте ги сите наведени состојки за дресинг на салатата. Измешајте за да добиете еднолична смеса, а потоа посолете и запиперете по вкус.




Дресингот залијте го врз зеленчуковата мешавина и промешајте. Во тестенините додајте го ситно сечканиот и измешан зеленчук сосе дресингот, промешајте да се распоредат сите состојки и на крај додајте ја туната. Промешајте и салатата е спремна за послужување. Деталите погледнете ги ОВДЕ.