„Пилешка супа како од ресторан – Толку лесна и вкусна – Идеална за прослави или за семеен ручек – Рецепт за бела супа.

Денеска подготвивме пилешка супа која враќа во живот. Толку лесно и толку вкусно, а за подготовка нема да изгубите многу време. По желба може да се приготви бистра или бела, сè е убаво објаснето. Добредојдовте“, вели „Кухиња за 10“. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г пилешко бело месо
1 главица кромид
1 морков
1 голем компир
зачини: сол, зрна црн пипер, мешавина од зачини, сув магдонос
1 јајце
павлака 2 лажици
брашно 1/2 лажица

ПОСТАПКА: Исечете 500 г пилешки гради на мали коцки. Исечете го и зеленчукот.

Кромидот и морковот пропржете ги, динстајте ги 5 минути, па додајте го пилешкото и продолжете со пржење уште 5 минути. Посолете и ставете 1 лажица сува зеленчукова мешавина (вегета).

Додајте компири и зрна црн пипер и динстајте 5 минути, поклопено.

По овие 5 минути додајте 2 литри вода и варете на средна температура 45 минути. Кон крајот на готвењето пробајте и посолете по потреба, додајте сув или свеж магдонос и уште една лажица вегета по вкус.

И тука би завршиле со бистрата чорба, подготвена е за послужување, а ако сакате бела чорба продолжете на следниот чекор:

Во сад ставете 1 јајце, 2 лажици павлака – измешајте. Додајте малку вода од чорбата и само половина лажица брашно – сè добро измешајте и сипете во чорбата со постојано мешање. Мешајте 1 минута и белата супа е подготвена за сервирање. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.