Од само неколку состојки пригответе вкусна, кремаста торта за која нема потреба да печете бисквит. Потребен ви е само миксер кој ќе го вклучите кратко за да добиете прекрасен, нежен крем. За неколку минути, со само неколку чекори може да направите свечена торта за секаква пригода. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г мелени бисквити, 80 г несолен путер. ЗА КРЕМ: 400 г крем сирење (маскарпоне, филаделфија, абц..), 50 г шеќер во прав или по вкус, 450 г слатка павлака. ЗА ГЛАЗУРА: 100 г црно чоколадо, 120 мл слатка павлака, ситно сечкани кикирики/лешници/ореви за декорација
ПОСТАПКА: наведените состојки се доволни за средно-мала торта, за калап со пречник од 18 см. Доколку ви е потребна поголема торта, соодветно зголемете ги состојките. Бисквитите можете да купите мелени, но уште подобро доколку сами ги сомелите дома, за да имаат свеж вкус.
Едноставно искршете го со раце на помали парчиња, па сомелете ги со рачен блендер. истурете ги во подлабок сад, па додајте растопен путер. Путерот е најдобро да го растопите во микробранова печка или на многу тивок оган/на пареа.
Смесата од бисквити и путер добро промешајте ја со лажица или со рака. Треба да добие конзистенција на влажен песок, но кога ќе ја стиснете со рака да може да се обликува. Истресете ја во обложен калап за торти, распоредете ја рамномерно, па притиснете со дното на некоја чаша.
Кога ќе ја формирате основата на тортата, преминете на приготвување на филот. Крем сирењето добро омекнете го со мешање на лажица, или пак истурете го во подлабок сад за матење и пенасто измиксајте го неколку минути.
Настрана, во посебен сам изматете ја слатката павлака со миксер, па кога ќе почне да згуснува, додајте го шеќерот во прав и продолжете со матење додека да добиете нежен шлаг. Не матете предолго за да не се претвори во премногу цврст крем (ако се случи тоа, само додајте сосем малку млеко за да се разблажи).
Соединувањето на крем сирењето и шлагот од слатката павлака треба да биде постепено. најпрво ставете 1-2 лажици од шлагот во крем сирењето и иматете со миксер за да се добие кремаста структура. Потоа шлагот додајте го во уште 2-3 наврати, но при секое додавање мешајте со лажица или шпатула.
На овој начин ќе добиете нежен и воздушест крем, а доколку го матите со миксер, тој може да стане премногу цврст и путерест. Истресете го врз бисквитниот слој, распоредете и израмнете, па ставете го во фрижидер да се стегне додека го приготвувате ганашот.
ЗА ГАНАШ: на ниска температура загревајте ја слатката павлака и додајте го ренданото чоколадо (или искршено на коцки), па мешајте додека тоа целосно да се растопи и соедини со павлаката. Од особена важност е павлаката да не зоврие, туку само да се загрее, зашто може да го промени вкусот и да ја изгуби кремастата арома.
Глазурата излејте ја одозгора и израмнете. Наросете сечкани кикирики покрај ивиците на тортата, па оставете ја во фрижидер да преноќи. Следниот ден отстренете го обрачот и налепете сечани кикирики насекаде странично. На здравје сладење. Деталите погледнете ги ОВДЕ.