НАЈДОБРАTA ПИТА БЕЗ КОРИ: Преполна со зеленчук и многу вкусна! Доколку сакате нешто брзо и едноставно, а вкусно, тогаш одлично решение е питата со брокула која може да се направи за помалку од половина час. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 кг брокула
1 лажичка сол 8 г
1 лажица млеко
1 црвена пиперка
3 зелени пиперки,
1 главица кромид
3 лажици маслиноиво масло (15 мл)
За прелив:
3 јајца
400 мл млеко (2 чаши)
5 супени лажици маслиново масло (30 мл)
135 г брашно сенаменско (4 лажици)
1 лажичка сол 8 г
1 кесичка прашок за печиво 10 г
1 лажица копар
За одозгора: 100 г рендан кашкавал
ПОСТАПКА:
Брокулата измијте ја и исечкајте ја на помали цветчиња. Сварете ја во зовриена вода 7-8 минути, која сте ја посолеле и сте додале лажица млеко. Исечкајте ги ситно пиперките и кромидот и пропржете ги во тава на малку масло додека да омекнат.
Измешајте ја процедената брокула со динстаниот зеленчук и сипете ја во огноотпорен сад. Во друг посебен сад изматете ги јајцата, па додајте ги останатите состојки за преливот и сè соединете.
Добро измешајте за да нема грутчиња од брашното. Прелијте го зеленчукот.
Посипете одозгора рендан кашкавал и ставете да се пече на 200°C околу 25 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.