Мекиците се вистинскиот избор за појадок, бидејќи се комбинираат со најразличен прилог, во слатка или солена варијанта. Може да ги јадете со кајмак, сирење, џем или без ништо, многу се вкусни и секому омилени. За разлика од класичниот рецепт за мекици, каде тестото мора да се чека да стасува, овие се пржат веднаш, а подеднакво се вкусни.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт 1): 2 јајца, 7 лажици кисела павлака, сол по вкус, 450 г брашно, 15 г прашок за печиво (1,5 кесичка).
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт 2): 1 јајце, 200 мл јогурт, 400 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 1 лажичка сол, 130 г сирење, 130 г кашкавал, 130 г шунка, 1 лажичка оригано и 3 лажици кечап
ПОСТАПКА (рецепт 1): Изматете ги јајцата со павлака и сол. Потоа додајте брашно помешано со прашок за печиво, па замесете го тестото со рака, додека тоа да стане компактно, изедначено и да се двои од ѕидовите на садот.
На лесно набрашнета работна површина развлечете го тестото со помош на оклагија, исечете на дебели ленти, а потоа лентите засекувајте ги дијагонално за да доббиете триаголници. Можете да ги сечете и на плочки или правоаголници.
Потоа пржете ги во умерено загреано масло на умерена температура, па редете ги врз хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија./(ѕtvarukuѕa.rѕ) Прочитајте ги и вториот рецепт:
ПОСТАПКА (рецепт 2): Шунката, кашкавалот и сирењето изрендајте ги ситно. Од сите состојки замесете хомогено тесто, а потоа со помош на оклагија развлечете кора на набрашнета работна површина, со дебелина од околу 0,5 см. Кората исечете ја на коцки.
Веднаш спуштајте ги да се пржат во загреано масло, по неколку минути од двете страни додека убаво да заруменат. Кога се готови, редете ги врз хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија. Служете ги топли, но вкусни се и кога се изладени, со чаша јогурт, кисело млеко или нешто по ваша желба. / Фотографија и рецепт на Beti Josi (Klara Boss)