Кога ќе претерате со вежбање, а особено кога тоа го правите без преходна подготовка, неизбежно се јавуваат болки во мускулите.

Врз појавата – воспалени мускули може да се делува превентивно, доколку мускулите петходно се загреат, односно се подготват пред изложување на физички напор.

Меѓутоа, ако сепак дојде до воспаление, не мора веднаш да се подложите на медикаментна терапија, туку следете ги овие совети:

ПИЈТЕ ШТО ПОВЕЌЕ ВОДА И ЈАДЕТЕ НАМИРНИЦИ БОГАТИ СО МАГНЕЗИУМ

Водата и магнезиумот се наоѓаат на врвот од листата за најефикасни борци против воспалени мускули. Покрај тоа, магнезиумот ги елиминира и грчевите кои често ги следат уморните, истегнати и со воспаление зафатени мускули.

Најдобар извор на магнезиум се: семки од тиква, сусам, зелен зеленчук и јаткасто овошје.

ЈАДЕТЕ НАМИРНИЦИ КОИ СОДРЖАТ ЕДИНСТВО ОД ВИТАМИН Ц И БИОФЛАВОНОИДИ

Врската од овие два елементи учествува во јакнење на крвните садови, но и во јакнење на отпорноста на мекото ткиво и лекување на истегнувања, па со самото тоа го олеснуваат и поедноставуваат лекувањето на воспалените мускули.

Намирници кои ја содржат оваа врска се цитрусните овошја, кромидот, црвената пиперка и грозјето.

МАСТ ОД ЕВКАЛИПТУС ИЛИ МАСТ ОД АРНИКА

Маста од евкалиптус ја подобрува циркулацијата и придонесува за подобра исхранетост на мускулите, а истовремено ја стимулира нивната работа и ја зголемува отпорноста на болки. Маста од арника ги опушта згрчените мускули и ги одмора.

ОДМОРАЈТЕ

Одморот е важен дел од закрепнувањето и опуштањето на мускулите.

НАИМЕНИЧНО ТУШИРАЊЕ СО ТОПЛА И ЛАДНА ВОДА

На овој начин се стимулира циркулацијата и исхранетоста на мускулите, се јакнат контракциите и се зголемува отпорноста од воспаление.

МАСАЖА

Водете сметка масажата да биде лесна и умерена, бидејќи на тој начин ќе ги опуштите мускулите и воспалението брзо ќе исчезне. При масирањето е најдобро да ги користите горенаведените масти или коњаска маст, која исто така придонесува за брзо опуштање на мускулите и отстранување на симптомите предизвикани од воспалението.

ПОСТЕПЕНО ВРАЌАЊЕ НА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

Доколку згрешите и повторно ги исфорсирате болните мускули, ќе дојде до зголемување на симптомите од воспалението и ќе ви биде двојно поголем периодот за закрепнување.