Брз колач со ореви (Лажна бакава) прелиен со шербет – сочен и многу вкусен. Рецепт и видео презентација на Мои Домашни Рецепти – Лажна баклава.
Колачот е без и лесен, со вкус на баклава, сочен и многу вкусен. Постапката е многу едноставна, а може да ја погледнете во видеото под пишаниот рецепт. Се користи тепсија бр.36 см, а колачот се пече во загреана рерна на 180-200 степени. Топлиот колач се прелива со врел шербет.
Потребни состојки: 250 г путер, 1 јајце, 200 мл млеко, 200 мл масло, 10 г ванилин шеќер, 900 г брашно, 10 г прашок за печиво и 200 г мелени ореви. За шербет: 900 г шеќер и 900 мл вода
Постапка: Во подлабок сад ставете 250 г путер омекнат на собна температура, додадете 1 јајце, 200 мл млеко, 200 мл масло, 1 кесичка ванилин шеќер. Со рака или вилјушка издробете го путерот и додадете 900 г брашно и 1 кесичка прашок за печиво.
Замесете со рака додека да добиете средно ровко тесто кое лесно се обликува. Тестото поделете го на два еднакви дела.
Тепсијата бр.36 малку намастете ја со путер, а потоа едното тесто со помош на дланките рамномерно распоредете го на дното. Наросете 200 г мелени ореви и убаво натапкајте ги во кората.
Второто тесто развлечете го со оклагија на малку набрашнета површина, а кората ставете ја одозгора, вез оревите. За полено да ја префрлите кората, најдобро е да ја пресечете на четвртини, па секој ден посебно да го пренесете.
Убаво израмнете со дланките, а потоа со остар нож правилно исечете ја баклавата (погледни видео). Баклавата ставете ја да се пече во загреана рерна на 180-200 степени околу 40-50 минути, во зависност од рерната.
Во меѓувреме пригответе го шербетот: На оган ставете 900 г шеќер прелиен со 900 мл врела вода. По желба ставете и некое тркалце лимон. Оставете да врие 10 минути под капак, а потоа да одмори 5 минути.
Печениот колач додека е топол прелијте го со врелиот шербет. Оставете да излади и да го впие сирупот, па послужете. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.