Можеби сте слушнале за „Бела розенка“, колач или торта која се приготвува со купечки „розен“ кори и бел, нежен крем кој има неодолив вкус. Поискусните домаќинки сами ги приготвуваат овие тенки кори, но доколку немате многу време, набавете си ги од супоермаркет и за само 10 минути направете многу вкусен колач за кој сите ќе ви бараат рецепт. Еве што ви е потребно:

рецепт 1




рецепт 2

РЕЦЕПТ 1 (на Валентина) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 литар млеко, 200-250 г шеќер, 120 г скроб/нишесте/густин (или 3 кесички пудинг од ванила), 250 г путер/маргарин, 150 г бело чоколадо, 200 г кокос, 1 пакување розен кори. За глазура: 100 г бело чоколадо, 100 мл слатка павлака, 20 г црно чоколадо

рецепт 1

РЕЦЕПТ 2 (на Бранка) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 700 мл млеко, 250 г шеќер (17 супени лажици), 300 г кокос, 250 г путер/маргарин, 3 кесички пудинг од ванила (120 г), 70-100 г бело чоколадо +1 лажица масло, 2-3 лажици кокосово брашно, 1 пакување розен кори

рецепт 2




ПОСТАПКА за рецепт 1: во еден подлабок сад ставете 120 г скроб/нишесте и разматете го со 200 мл млеко, да нема грутчиња. Остатокот од литар млеко сипете го во едно тенџере заедно со 200-250 г шеќер (или по вкус).




Штом шеќерот се растопи и млекото почне да зоврива, намалете ја температурата или потргнете го тенџерето малку настрана и додајте го разматениот скроб со непрекинато мешање. Варете го кремот на умерена температура додека да ја постигнете посакувата густина.




Во врелиот крем додајте путер или маргарин исечкан на коцкички и промешајте додека да се растопи и инкорпорира. Потоа, додека сè уште е топло, додајте и 150 г бело чоколадо, искршено на коцки. Исто така, промешајте додека да се растопи и соедини во кремот.




Најпосле додајте 200 г кокосово брашно, па кога и тоа ќе се соедини, вашиот крем е готов. Добиената смеса излејте ја во друг сад и одокативно поделете ја на седум или осум делови, во зависност од тоа колку розен кори има во пакувањето.




Започнете со филувањето: кора, фил и сè така додека да го потрошите материјалот. Кога ќе ја ставите последната кора, малку притиснете со дланките за да се залепи, обложете со кеса или хартија и ставете некој терет. Колачот оставете го во фрижидер да се стегне 3-4 часа.




За глазура: растопете 100 г бело чоколадо со 100 мл слатка павлака (не смее да зоврие), па прелијте рамномерно врз колачот и декорирајте со растопено црно чоколадо. Деталите погледнете ги ОВДЕ, а следи и постапката за вториот рецепт кој се разликува од првиот во само некои чекори.




ПОСТАПКА за рецепт 2: 500 мл млеко ставете на оган заедно со шеќерот, па кога ќе зоврие додајте го кокосот и промешајте. Во 200 мл млеко промешајте 120 г пудинг со вкус на кокос или ванила, па сипете ја мешавината во тенџерето и варете на тивок оган додека да згусне со непрекинато мешање.




Во сварениот крем додека е сè уште топол додајте путер и мешајте додека да се растопи и инкорпорира. Оставете да се олади до собна температура. Одвојте три лажици за да ја премачкате целата торта и во нив додајте растопено бело чоколадо со 1 лажица масло.

Филувајте кора-фил до крај, поставете некоја тежина одозгора и оставете го колачот во фрижидер преку цела ноќ. Потоа премачкјате со глазурата од бело чоколадо и наросете кокос, па сечете и послужете. / Сооlinarika.сom