Лесен и освежителен колач од кокос
Потребни состојки:
4 јајца
8 лажици шеќер
6 лажици брашно
1 мала шолја масло
1 мала шолја ладно кафе
Малку какао за да се добие боја
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
За крем:
1 литар млеко
7 лажици брашно
150 г шеќер
150 г путер/маргарин
100 г кокос
+ кокос за поросување
Постапка:
Изматете ги јајцата со шеќер и ванилин шеќер. Полека додадете брашното помешано со прашок за печиво, а потоа и изладеното сварено кафе и масло.
Измешајте го какото и смесата излејте ја во калап обложен со хартија за печење. Печете на 200 степени околу 15 до 20 минути.
За крем: во 300 мл млеко измешајте 7 лажици брашно, една по една. Остатокот од млекото ставете го на оган да се вари со 150 г шеќер. Кога ќе зоврие измешајте го млекото со брашно и гответе со постојано мешање додека да згусне.
Во изладениот крем измиксајте путер и 100 г кокос. Премачкајте го бисквитот со крем и одозгора поросете со кокос.