Совршен потсетник дека на сите ни е потребен одмор. А народната мудрост нè потсетува: ако не се запреме, болеста тоа ќе го направи…
Кога мајка ми се враќаше од работа никогаш не трчаше право во кујна да ни пржи компирчиња. Или пак, никогаш не ја поставуваше масата за пеглање, па да почне да ги пегла чаршавите и постелнината.
Напротив, таа ќе се преоблечеше, ќе се измиеше и ќе легнеше да дремна 20-тина минути. Дури потоа, откако „ќе ги наполнеше батериите“ се зафаќаше со домашните обврски.
Освен тоа, таа бескрајно се бо-реше со мојот инает, докажувајќи дека после училиште не треба веднаш да ги отворите тетратките и да пишувате домашно, да решавате синуси и косинуси, туку треба да си поиграте, според старата изрека: оди полека – далеку ќе стигнеш.
Таа наведе и пример од филмот „Москва не им верува на солзите“, каде главниот лик, по враќањето од фабриката, прво седнувала на каучот да се одмори, со сета работна облека и чевлите на неа. Ама јас не ја слушав. Мислев дека одморот е за слабаците, а тие што имаат цели – треба неуморно да работат 24 часа!
Мојата другарка нема отидено на одмор цели десет години. Вела една деценија не се капела ниту во Црно, ниту во Црвено Море, ниту во Средоземното, не била на Златибор, не скијала на Копаоник, не се прошетала по улиците на Будимпешта, Париз и Лондон, не им се восхитувала зајдисонцата.
Спие пет часа дневно и упорно ја гради својата кариера, искрено верувајќи дека секоја пауза ќе ја врати назад за неколку години. Само, телото почна да јаиздава: видот почна да и слабее, нер-вите почнаа да и попуштаат, а срцето да и прескокнува…
Го следев нејзиниот пример долго време, додека не дознав за законот за неутрална положба. Многу е едноставен овој закон, исто како теоремата на Питагора. Пред каква било промена во животот, прво треба да запрете.
Дајте си можност да здив-нете, да ја избришете потта, да изедете убава и вкусна лазања, да ги накармините усните и да го проверите нивото на гориво во сопствениот резервоар за енергија, за да не случајно „престанете да возите“ некаде на средината од патот.
Невозможно е да се сврти со полна брзина. Мора да прикочите за да ја „фатите“ кривината. Не можете да излезете од шумата ако не застанете и не одредите каде е север, а каде југ. Никој не може да седи шест часа без пауза и добро да ги научи сите шест лекции.
Потребни се паузи за секој чекор: пред да скокнете во вода или во вис, пред да се исвири последниот акорд на концертот на Бетовен или да се испее висока нота во песната. Пред да излеземе на сцена или да започнеме нова врска. Пред да се договориме или да ја кажеме вистината.
Застануваме во текот на празниците, застануваме на црвено светло. Лизгачот запира пред да направи „пируета“. Шахистот размислува за следниот потег. Ако се занемарат паузите и се продолжи со брзина од двесте на час, околностите сами ќе не сопрат: настинки или т ешки болести, не-среќи, по-жари и земјотреси.
Сè во животот има свој ритам: промена на денот и ноќта, зимата и летото, вдишување-издишување. Во дискотеката одвреме-навреме се менуваат брзи и бавни песни. Дури и на тренажерите во теретаната им се поставува ограничување.
Во право биле оние просветлените кога тврдеа дека мора да постојат моменти во животот кога ништо не треба да ни се случува: само да седиме и да го набљудуваме светот. И светот да нè гледа во исто време.