Овој рецепт ги воодушеви милиони луѓе ширум светот, а ме воодушеви и мене кога го испробав. Навистина, ова е едно толку вкусно јадење што не можете да му одолеете. За сочниот вкус на потпечените макарони во рерна – заслужен е кремастиот бел сос. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 главици кромид, 2 чешниња лук (може и повеќе по вкус), 400 г мелено месо, 3 домати (доматен сос), 20 г доматно пире/сос, сол, мелен црн пипер, мајчина душичка, зачинска пиперка, 500 г тестенини (макарони по избор). ЗА СОС: 1 литар млеко, 70 г брашно, 60 г путер, сол, 20 г + 100 г рендан кашкавал




ПОСТАПКА: Во една нелеплива тава ставете 20 мл масло за готвење и вклучете да се загрева на умерена температура. Настрана ситно исечкајте две главици кромид и две големи чешниња лук, а може и повеќе. Додајте ги во маслото и промешајте.




Кога кромидот ќе застакли и ќе омекне за приближно 5 минути, додајте 400 г мелено месо (мешано или по избор). Промешајте и динстајте го месото со непрекинато мешање додека да испари вишкот течност, а тоа да ја смени бојата.




Потоа додајте три мелени домати или ситно исечкани, а ако немате свежи, тогаш употребете доматен сос. Додајте и една лажица (20 г) доматно пире, како и по една лажичка најразлични зачини по вкус. Вие може да додадете некои зачини кои вообичаено ги користите во подготовката на мелено месо.




Добро измешајте и динстајте уште неколку минути за да се соединат сите вкусови. Настрана ставете да зоврие вода во едно тенџере, а потоа додајте една лажица сол (8 г), 10 мл масло (не мора) и 500 г тестенини.




Промешајте ги макароните за да не се залепат и оставете ги да се готват според пропишаното време, со повремено промешување. Во меѓувреме, во друго тенџере на оган ставете 60 г путер, а кога ќе се растопи додајте го брашното (70 г).




Мешајте непрекинато додека брашното да се запржи и малку да потемне. Потоа започнете постепено да го додавате млекото (1 литар) додека непрекинато мешате за да не се создадат грутчиња. Варете го млекото со постојано мешање додека малку да згусне. Додајте малку сол (5 г) и рендан кашкавал (20 г)




Промешајте додека кашкавалот да се растопи, а потоа во „бешамел“ сосот додајте ги сварените и процедени макарони. Добро промешајте за да се натопат сите макарони рамномерно. Огноотпорна тава или длабок плех со средна величина намастете го со 20 мл растително масло, па на дното распоредете половина од макароните.




Израмнете, па врз слојот макарони рамномерно распоредете го филот од запрженото мелено месо. Потоа распоредете го остатокот од макароните и одозгора наросете 100 г рендан кашкавал или пармезан. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 20 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.