Home закуска На ова јадење никој не може да му одолее…МУСАКА СО МОДАР ПАТЛИЏАН…Маж...

На ова јадење никој не може да му одолее…МУСАКА СО МОДАР ПАТЛИЏАН…Маж ми може да изеде цела тепсија…Прсти да излишеш…

На ова јадење никој не може да му одолее…МУСАКА СО МОДАР ПАТЛИЏАН…Маж ми може да изеде цела тепсија…Прсти да излишеш…

Може да ја приготвите одвечер, а следниот ден ќе биде свежа и сочна као тукушто да излегла од рерна…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

800 г -1 кг модар патлиџан (3 парчиња)
исечен на ленти, послен и пропжен

ФИЛ:
2 до 3 главици кромид
1 пиперка
1 морков
400 г мелено месо
500 мл неутрален крем за готвење
200 г рендан кашкавал
Зачини и лукче по ваш вкус
1 рака сечкан магдонос
Се пече во загреана рерна на 200 степени / 25 минути

ПОСТАПКА:

1.Патлиџанот исечете го на ленти и испржете го по 1-2 минути од двете страни на загреано масло. При пржењето посолете го по вкус. Пржениот патлиџан оставете го настрана.

2.Испржете го ситно сечканиот кромид, пиперка и рендан морков, па додајте го меленото месо и пржете додека да ја промени бојата. Додајте ја течната, неутрална павлака и гответе уште неколку минути. Зачинете по вкус.

3.Наредете патлиџан на дното од намастен огноотпорен сад, па рендан кашкавал, па целиот фил со месо и павлака.

4.Завршете одозгора со ленти модар патлиџан и рендан кашкавал. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 20-тина минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.