Неодамна рецептот го дознав и јас, а тајната на нејзината убавина е всушност домашниот крем кој таа го приготвува со, верувале или не, еден добро познат пијалак кој го сакаат и мажи и жени. Сите останати состојки се природни и веќе ги имате дома. Всушност, станува збор за коњакот.

Овој пијалак ја прави кожата поцврста, и дава здрав сјај и помага во полесно осолобу-вање од брчките. Не само што се измазнуваат постоечките, туку спречува и појава на нови бр-чки. Запишете си го рецептот за подмладувачкиот крем на база овој предобар напиток.

ДОМАШЕН КРЕМ ОД КОЊАК ЗА УБАВА КОЖА

Потребни состојки: 1 жолчка, 100 г обичен крем, 1 лажица мед, 1 лажичка сок од лимон, 2 лажици коњак

Постапка: Изматете ја жолчката пенасто. Потоа, постепено додека матите додавјте го кремот и соединете. потоа додајте го лимоновиот сок и коњакот, едно по едно додека непрекинато матите. Убаво темелно промешајте додека да добиете хомогенизара, изедначена смеса.

Добиениот крем складирајте го во соодветно кутивче или стаклена тегличка и затворете со некој цврст капак. Вашиот крем е готов за користење. Мора да се чува во фрижидер, бидејќи не содржи конзерванси и најдобро е да се потроши максимум до седум дена. Ако оваа количина ви е многу, поделете ја со мајка ви или некоја блиска пријателка. Ќе ви биде многу благодарна.

Употреба: нанесете мала количина од кремот, најпрво прот-ријте ја на вашите прсти, а потоа нанесете на темелно исчистена кожа. Кремот можете да го нанесувате со памучен тупфер. Оставете да делува еден час, а потоа вишокот отстранете го со хартиена салфетка.

Третманот е најдобро да се спроведува навечер, бидејќи на тој начин кремот најдобро се впива во кожата. За да го постигнете посакуваниот ефект, потребно е исто така, да спроведете и третман за подмладување, односно 7-14 дена да се храните со колку можете повеќе овошје и зеленчук и да пиете повеќе вода и зелен чај.

После две недели се прави кратка пауза, максимум до 3 месеци, а потоа потребно е да се повтори. Домашната козметика навистина може многу да направи за вашата кожа. После првата седмица од почетокот на употреба на овој прекрасен крем, ќе забележите промени кај вашата кожа.

Малите брчки веднаш ќе исчезнат, лицето ќе се затегне и ќе добие здрава боја. Резултатот е навистина неверојатен. Не заборавајте дека козметичките постапки се секогаш само половина успех. За да постигнете максимален ефект, на овој комплекс мора да додадете и масажа на лицето.

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ТАЈНАТА ЗА МЛАДОЛИКОТО ЛИЦЕ НА МОЈАТА МАЈКА

Тајната за нејзиното младолико лице се крие во оваа чудесна маска, чиј рецепт се пренесува во нашето семејство од генерација на генерација. Состојките кои ги содржи оваа маска се многу едноставни и секогаш ги имате во домот додека маската се применува многу кратко време, а резултатите се воодушевувачки.

Кога кожата е во добра состојба и изгледа здраво, жените се чувствуваат многу посамоуверено. За да ја одржите кожата здрава, потребно е повремено да нанесувате одредени природни маски за лице. Овој козметички производ е многу лесен да го подготвите во домашни услови, а сите состојки се многу здрави и природни. Само следете ги упатствата и бидете трпеливи.

Потребни состојки: сок од еден лимон, 5 супени лажици овесни снегулки.

Постапка: Исцедете го лимоновиот сок и ставете го во чист сад. Потоа измешајте го со овесната каша додека да добиете хомогена смеса.

Начин на употреба: Нанесете ја добиената смеса на лицето со чиста четка. Може да употребите која било четка (од шминка или некоја друга), но многу е важно влакната на четката да бидат меки и чисти. За да го подмладите лицето и хидрирате кожата нанесета ја маската на чисто лице 20 минути пред да легнете на спиење. Избегнувајте ја областа околу очите и устата. Се препорачува да ја нанесувате оваа маска двапати во неделата.

Доколку се одлучите да ја нанесете маската во текот на денот, потребно е да бидете внимателни вашата кожа да не ја изложите на директна сончева светлина. Ако излезете надвор после користење на маската, потребно е да нанесете крем со заштитен фактор.

Исто така сакам да споделам уште еден рецепт за маска за лице, кој исто се базира на овесните снегулки бидејќи имаат големи придобивки. Овесните снегулки се одличен третман во борбата против иритација и црвенило на лицето.

Потребни состојки: 5 супени лажици овесни снегулки, 1 лажичка мед, 1 лажичка млеко, 1 лажичка топла дестилирана вода.

Постапка: Во сад ставете ги овесните снегулки, а потоа додадете го млекото и топлата вода. На крајот додадете го медот и измешајте ги сите состојки убаво.

Начин на употреба: Нанесете ја маската на лицето на претходно исчистено лице со козметичка четка или чист сунѓер и избегнувајте ја областа околу очите. Оставете ја маската на лицето да делува околу 10 минути, а потоа исплакнете го лицето со топла вода.

Доколку имате проблеми со тенот и текстурата на кожата тогаш оваа маска е идеална за вас бидејќи ќе ја навлажни и смири вашата кожа. Освен што ги спречува ефектите на стареење, оваа маска помага и во отстранување на вишокот насобрана маснотија на лицето. После неколку користења вашата кожа во буквалност ќе се трансформира.

Како што величествената Коко Шанел еднаш посоветувала: ,,За време на дваесетите години имате лице кое природата ви го дала, во триесеттите имате лице кое ќе ви го обликува животот, а веќе во педесеттите години имате лице кое навистина го заслужувате. Сакајте се себеси и никогаш не се двоумете и одвојте барем 20 минути во денот и посветете грижа во негата на вашето лице.” – Рецепт на читателка на НМД.мк