Исповедта на една жена која ја излекувала својата мајка ви го пренесуваме во целост:
„На мајка ми и беше дијагностициран рак на базалните клетки (вид рак на кожа) со кој се бореше во текот на изминатите 3 години. Овој тип на карцином на кожа не е опасен по живот во споредба со малигниот облик – меланомот.
Првиот знак беше една мала раничка на вратот. Раната почна да и крвави и на неа започнаа да се создаваат красти кои потоа уште повеќе крвареа и доведуваа до создавање на нови красти. Крастата растеше и после три години беше за 4 пати поголема, како во ширин така и во висина. За жал, мајка ми дури после 3 години одлучи да посети лекар.
После посетата ба дерматолог, биопсијата откри дека станува збор за карцином. Дерматологот исто така кажа дека за овој вид на карцином не постои лек, но дека може да се отстрани хируршки. И закажаа операција.
После операцијата се врати повторно карциномот и тоа во посериозен облик. Дури после следната посета на дерматолог го дознав вистинското име на тој карцином.
Кога дознав за кој вид карцином поточно се работи, одлучив работите да ги земам во свои раце. Пребарував по интернет за сите можни природни лекови кои се употребуваат за овој вид на карцином и наидов на неколку сведочења од лица кои целосно се излекувале од овој вид карцином со помош на сода бикарбона и вода.
Прочитав дека карциномот не може да се развива во алкално опкружување кое го создава токму сода бикарбоната.
Јас го модифицирав овој рецепт па така користев кокосово масло наместо вода, бидејќи органското кокосово масло е многу добро за регенерација на кожните клетки.
Измешав еднаква количина кокосово масло и сода бикарбона (по лажичка од едното и другото) во чашка и мешав додека мешавината да се претвори во изедначена паста. Потоа таа паста ја ставав на проблематичниот дел од кожата. Она што се случи потоа беше неверојатно.
До шестиот ден користење на оваа мешавина, карциномот на базалните клетки исчезна. Бидејќи кожата во овој предел се’ уште беше чувствителна, од 11 ден преку ноќ започнав да мачкам и антибиотска маст за да се забрза процесот на исцелување и да се спречи евентуална инфекција.
До 18 ден од третманот, раната која се наоѓаше на местото каде ште беше карциномот главно беше зарасната, а бидејќи кожата и натаму беше чувствителна и воспалена, престанав да користам сода бикарбона и продолжив да мачкам само антибиотска маст.
До 22 ден од третманот кожата целосно се исчисти. Потоа продолжив да мачкам со мешавината секојдневно и на мајка ми и ставав облоги од памук натопени со јаболкова киселина за да дојде до базалните клетки.
МЕТОДОТ КОЈ ГО КОРИСТЕВ:
-сирово органско кокосово масло
-сода бикарбона без алуминиум
-чашка во која ќе ја ставите мешавината
-нешто со кое ќе можете да ја промешате мешавината, на пр. дршка од мала лажичка
-антибиотска маст
Измешајте еднаква количина сода бикарбона и кокосово масло во чашката додека да добиете паста. Можете исто така да ја загреете мешавината за да се растопи маста и полесно да се измешаат состојките.
Со дршката која сте ја користеле за мешање, нанесете врз проблематичниот дел. НЕМОЈТЕ ДА ТРИЕТЕ туку само нанесете врз кожата и оставете да делува колку може подолго.
Во текот на првата недела можете да нанесувате по трипати а во текот на втората недела по двапати дневно. Пред секое нанесување кожата мора да биде правилно исчистена.
Базалните клетки се наоѓаат длабоко во кожата, па важно е да се продолжи со нанесување на мешавината и кога раната ќе заздрави.
Од ова искуство заклучив дека не треба целосно да се потпирам на модерната медицина бидејќи самостојното лекување може да биде дури и поефикасно од медицинскиот третман. Доколку патите од слични проблеми, истражете го проблемот и земете ги работите во свои раце – решението може да биде на чекор од вас.“ – завршува таа.
Народните лекарства се само поддршка на официјалното лекување. Пред да користите помош од народната медицина, консултирајте се со вашиот матичен лекар.