Највкусната сарма од кисела зелка по брзиот рецепт на мајка ми…Вкусно домаќинско јадење…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г мелено месо
1 лажица сув мешан зачин (вегета)
1 лажица црвен пипер
1 јајце
сол и црн пипер по вкус
1 голема главица кромид (или 2 мали)
1 филџан ориз
1 главица кисела зелка (2 кг)
100-200 г суво димено месо по избор
ловоров лист по вкус
1 морков
вода (само да се покрие сармата)
За запршка:
2 лажици брашно
малку масло
1 лажица мелен црвен пиперка
ПОСТАПКА:
Оризот измијте го и оставете го во вода 15-тина минути. Од зелката извадете ги убавите листови и исечете ги на големина по желба, отстранувајќи ги тврдите делови.
Во месото додајте јајце, зачини и исцедениот ориз, па убаво со рака замесете компактна смеса. На дното од тенџерето распоредете листови зелка, па ред сарми.
После секој ред сарми посипувајте сечкана зелка (од остатоците или скинатите листови).
Прекријте ги сармите со вода и додајте неколку ловорови листови и еден морков исечкан на тркалцата. Доведете до вриење, па намалете ја температурата на умерено и кршкајте поклопено 2,30-3 часа, со повремено долевање вода.
Кога сармата е сварена направете запршка: во малку масло запржете го брашното додека да позлати, па тргнете настрана и додајте го црвениот пипер и кога сето ќе се изедначи „попарете“ ја сармата.
Оставете на тивок оган уште неколку минути, па исклучете и оставете ја сармата некое време на топло за да згусне. За детали за постапката, погледнете го видео рецептот ОВДЕ: