НАЈВКУСНАТА ПИТА СО СИРЕЊЕ…Рецепт кој ќе ги воодушеви апсолутно сите…МНожете да ја послужите за појадок, вечера или за ручек со порција кисело млеко…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
600 г брашно
1 лажичка сол
125 г растопен путер
280 мл млако млеко
1 лажичка шеќер
1 лажица сув квасец

За премачкување на тестото:
100 г путер
1 жолчка од јајце

ЗА ФИЛ помешајте:
500 г свежо сирење
1 белка од јајце
2 јајца
1 чаша кисела павлака од 200 мл
1 лажичка сол

За премачкување одозгора: 1 жолчка од јајце
За посипување: сусам

ПОСТАПКА:

Во млако млеко растопете шеќер и квасец. Во подлабок сад просејте го брашното и помешајте го со солта. Додајте растопен путер и растворениот квасец, па замесете средно меко тесто кое не се лепи за рака.

Оставете го покриено да ферментира додека да го удвои волуменот. Во меѓувреме, омекнатиот путер пенасто изматете го и соединете го една жолчка.

Стасаното тесто поделете го на две топки. Едното тесто покријте го да не се суши, а другото развлечете го во тенка кора. Премачкјате ја кората со изматениот путер и исечете ја на зраци.

Секој зрак преклопете го на средината, така што на крај да добиете цел куп преклопени кори, како топка. Постапката повторете ја и со второто тесто. Оставете ги во фрижидер 10 минути.

Тепсија 30х20 см намастете ја со путер. Првиот дел од тестото развлечете го во кора со диманзии на тепсијата. Одозгора сипете го полутечниот фил.

Поклопете со втората кора, премачкјате со жолчка и посипете сусам. печете во загреана рерна на 180 степени, 30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.