Највкусната пита со сирење и готови кори…Рецепт кој ќе си го чувам засекогаш…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
500 г кори за пита
За прелив:
3 јајца
1 лажичка сол
1 чаша масло
1 чаша јогурт
3 полни лажици брашно
1 кесичка прашок за печиво
За фил:
500 г свежо сирење
2 јајца
1 лажичка сол или по вкус
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад измешајте јајца, сол, масло, јогурт, брашно и прашок за печиво. Во другиот сад измешајте го сирењето со јајцата и посолете по вкус.
5 кори премачкјате ги со преливот и наредете ги една врз друга. На едниот крај распоредете 1/3 од филот со сирење и свиткајте во ролат. Ролатите ставете ги во намастен плех и премачкјате ги со остатокот од преливот.
По желба посипете ги со сусам и печете ги 30 минути во загреана рерна на 200 степени. Постапката можете да ја погледнете ОВДЕ:
https://youtu.be/vFW6tL1ESP8?si=xGAnB3WHOuPxGVaX