НАЈВКУСНАТА ПИТА-ГИБАНИЦА ВО СВЕТОТ…Мојата 83-годишна мајка ме замоли да и ја правам секоја недела…Оваа гибаница научив да ја правам од мајка ми. Тоа е многу стар рецепт. Мајка ми ја вика „Сеченик“.
Таа обично бара од мене да ѝ ја подготвувам во недела… Навистина е убава, а според мене ова е најубавата пита со сирење и јајца. Мека е како душа, сочна, превјусна…
Лесно се прави. Тестото се прави со квасец. Се прават кори, треба сирење, јајца и млеко и толку….Еве го рецептот:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За тесто:
8 г сув квасец
200 мл млака вода
10 г сол
10 г шеќер
30 мл масло
400 г брашно
За фил помешајте:
3 јајца
250 г ситно сирење
За прелив измешајте:
2 јајца
малку сол
50 мл млеко
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад сипете ги редоследно сите потребни состојки и замесете средно меко тесто.
Откако ќе стане компактно истресете го на работна површина, домесете се уште малку, па оставете го да ферментира на топло место додека да го удвои волуменот.
2.Стасаното тесто поделете го на 8 топчиња. Оставете ги покриени да одморат 5-10 минути, па потоа секое отворете го во голема тенка кора. Користете брашно по потреба.
3.Првата кора ставете ја во намастена тепсија и одозгора посипете ја со една лажица масло и распоредете малку фил. Одозгора растресито ставете ја втората кора и понатаму продолжете ја постапката.
4.Секоја кора прскајте ја со малку масло и распоредете фил. Кога ќе ја ставите последната кора одозгора испрскајте ја со масло и фил, па исечете ја на коцки и залијте ја со приготвениот прелив.
5.Протресете ја питата и оставете ја неколку минути за да навлезе преливот во засеците. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 220 степени, 25-30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.