Највкусен појадок или вечера од тиквички кои се повкусни од месо…Сите го бараат овој рецепт…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 голема тиквичка
1 компир
1 мала главица кромид
2 јајца
1 чаша лебни трошки (презла)
50 г фета сирење
1 чешне лук
Зачини:
сол, црн пипер, црвен пипер,
1 лажица ситно сечкан магдонос
1 чешне лук
Сос:
2 лажици павлака
малку сол и црн пипер
половина лажица оцет
1 лажица магдонос и
1 чешне лук по вкус (не мора)
ПОСТАПКА:
1.Тиквицата излупете ја и изрендајте ја, а потоа истото направете го и со компирот. Посолете со мала лажичка сол, промешајте и оставете кратко време да се ослободат соковите. Потоа убаво процедете го и истискајте го низ раце.
2.Додајте јајца, лебни трошки, ситно сечкан кромид, фета сирење, ситно сечкано лукче и магдонос, и зачини по вкус.
3.Измешајте добро, најдобро со рака, за сето да се соедини во густа смеса која лесно се обликува со раце. Обликувајте ги ќофтињата и редете ги во чинија посипана со лебни трошки.
4.Ќофтињата пржете ги умерено загреано масло додека да заруменат од двете страни по 5 минути под капак. Послужете ги со сос од кисела павлака или по вкус. Постапката погледнете ја ОВДЕ.