НАЈСОЧНИТЕ ЌЕБАП ПЛЕСКАВИЦИ…Еднаш кога ќе ги пробате, овој рецепт често ќе го користите…

За ручек пригответе најдобри ќебап-плескавици. Секоја домаќинка си има некој свој рецепт за смеса од мелено месо со кое приготвува ќофтиња, плескавици или ќебапи, а сега испробајте го овој нов рецепт за ќебап-плескавици.

Некои во смесата додаваат лебни трошки (презла), некои користат сварен или сиров рендан компир, или пак снегулки од дехидриран компир за пире, а ние денес ви предлагаме да го испробате овој совршен турски рецепт.

Во меленото месо додајте зачини и зеленчук кои заедно ќе дадат еден совршен и неодолив вкус.

Во овој рецепт многу е важно приготвената смеса да ја оставите во фрижидер најмалку половина час за да можат сите состојки да се соединат и впијат во месото.

Втората важна работа која треба да ја направите е при обликувањето на плескавиците со прстите да направите вдлабнувања, по што всушност, се карактеризираат овие ќебап-плескавици.

На тој начин тие стануваат уште посочни и повкусни и многу порамномерно ќе се испечат. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кг мелено месо (по ваш избор и вкус),
1 рака ситно сечкан свеж магдонос (1 китка, само лист),
2 чешноња лук,
1 мала лажичка сол,
1 мала лажичка црвена слатка пиперка во прав,
1 мала лажичка ким во прав,
1 мала лажичка „буковец“ или толчен црвен пипер,
1/2 лажичка црн пипер во прав,
1 главица кромид,
1/2 црвена пиперка (50 г)

ПОСТАПКАТА опишана во детали можете да ја прочитате ОВДЕ:

Видеопрезентацијата со целата постапка на приготвување можете да ја погледнете ОВДЕ.