Најефикасниот природен лек за здрави и цврсти коски
Смоквата (Ficus carica) е растение чии листови, со својата карактеристична форма слична на прсти, се користат во традиционалната медицина со векови.
Чајот од смоквини листови е познат по своите здравствени придобивки, особено во зајакнувањето на коските, благодарение на богатството од витамини и минерали.
Овие листови се извор на калциум, калиум, фосфор и магнезиум – есенцијални елементи за здравјето на коските.
Според студија објавена во Journal of Ethnopharmacology (2018), смоквините листови содржат биоактивни соединенија, вклучително и полифеноли, кои можат да придонесат за подобрување на коскената густина и намалување на воспалителните процеси во телото.
„Смоквините листови се богати со минерали кои се клучни за одржување на коскената структура.
Редовната консумација на чај од овие листови може да го поддржи здравјето на коските, особено кај лица со ризик од остеопороза“, вели д-р Марија Стојановска, специјалист по ортопедија.
Покрај зајакнувањето на коските, чајот од смоквини листови има и антиинфламаторни својства, што го прави корисен за ублажување на симптомите кај ревматски заболувања и артритис.
Истражување од Phytotherapy Research (2020) покажува дека екстрактите од смоквини листови можат да ги намалат воспалителните маркери во организмот, што е особено важно за лица со хронични воспалителни состојби.
Подготовка на чај од смоквини листови
За да се искористат максимално придобивките од смоквините листови, тие треба да се соберат во доцна пролет или лето, кога нивната нутритивна вредност е највисока.
Листовите се сушат на сенка, на добро проветрено место, за да се зачуваат нивните активни состојки пишува НМД.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
– 2 чајни лажички исушени и ситно исечкани смоквини листови
– 250 мл врела вода
– Мед (по желба, за засладување)
– НМД
Начин на подготовка:
1. Во сад со 250 мл врела вода додајте 2 чајни лажички исушени смоквини листови.
2. Оставете ја смесата да отстои 15 минути, покриена, за да се ослободат активните состојки.
3. Процедете го чајот и, доколку сакате, засладете го со природен мед.
Препорака за консумација:
Пијте по 2 до 3 шолји чај дневно во текот на еден месец. По овој период, направете пауза од 3 недели, а потоа продолжете со консумација доколку е потребно.
За лица со хронични заболувања или оние кои земаат лекови, се препорачува консултација со лекар пред редовна употреба.
„Редовната употреба на чај од смоквини листови може да биде корисна како дополнителна терапија за здравјето на коските, но не треба да се смета за замена за медицински третман“, советува д-р Стојановска.
Овој природен лек, поддржан од традиционалната употреба и современи истражувања, нуди едноставен и достапен начин за подобрување на коскеното здравје и општата благосостојба.