Home закуска Најдобриот појадок за 10 минути…Се топи во устата…Секој треба да го знае...

Најдобриот појадок за 10 минути…Се топи во устата…Секој треба да го знае овој рецепт…

Најдобриот појадок за 10 минути…Се топи во устата…Секој треба да го знае овој рецепт…Ова е рецептот што го чекавте! Брз и лесен рецепт за појадок…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 г рендан кашкавал
2 јајца
2 лажици брашно
1 лажица прашок за печиво
250 мл масло за пржење

За похување:
2 јајца
лебни трошки

За сос:
2 лажици мајонез
1 лажица кечап
1лажичка сенф
1/4 лажичка сол
копар

ПОСТАПКА:

1.Во сад измешајте рендан кашкавал со јајца и брашно помешано со прашок за печиво. Добро замесете, треба да добиете меко тесто.

2.Ставете го тестото во парче пластична фолија, завиткајте го и формирајте долг ролат. Ставете го во замрзнувач 1 час за да се стегне.

3.За тоа време го подгответе го сосот. Измешајте ги сите состојки и оставете го во фрижидер да се излади.

4.Откако ќе го извадите тестото од замрзнувач, исечете го на парчиња со дебелина од 1.5-2 см и секое парче потопете го во изматени јајца и извалајте го во лебни трошки.

5.Пржете ги во загреано масло по 2 минути од секоја страна на умерен оган. Постапката погледнете ја ОВДЕ.