Најдобриот појадок – ПРСТИ ДА ИЗЛИЖЕШ! Се подготвува за неколку минути…
Со готови кори подгответе една од највкусните пити, онаа со сирење и шунка. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 пакување готови кори
2 јајца
150 мл млеко
1 лажица брашно
1 лажичка прашок за печиво
50 г растопен путер
кашкавал, шунка
ПОСТАПКА:
Измешајте ги јајцата, млекото, стопениот путер, брашното, прашокот за печиво и солта. Добро соединете. Со добиената смеса премачкајте ја кората. Одозгора ставете ја втората кора и посипете рендан кашкавал.
Потоа одозгора ставете ја третата кора која исто така треба да ја премачкате со смесата со јајца и потоа четвртата кора, па одозгора ставете ја шунката.
Повторно ставете кора, премачкајте ја со смесата со јајца, па ставете ја шестата кора и посипете рендан кашкавал.
Свиткајте и ставете во плех обложен со хартија за печење. Направете 3 ролати/пити. Премачкајте ги одозгора со преостанатата смеса со јајца и печете во загреана рерна на 180°C околу 40 минути.
Постапката погледнете ја ОВДЕ.