Најдобриот џем пекмез од сливи некогаш направен…Брз рецепт за 7 минути…Само 3 состојки…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 кг сливи
400 г шеќер
1 лажица цимет

ПОСТАПКА:

1.Сливите исчистете ги од семките и исечкајте ги ако се големи. Ставете ги во големо тенџере и сипете го шеќерот. Вклучете го шпоретот на 4 од 6 и оставете да зоврие.

2.Од моментот на зовривање гответе 30 минути, па намалете на 2 од 6 и продолѓете на тивко да го готвите 60 минути со повремено промешување.

3.Додајте една супена лажица цимет во прав, промешајте и оставете уште 10 минути (на 1 од 6) за да се соедини. За тоа време вклучете ја рерната да се загрева на 100 степени, а шпоретот можете да го исклучите.

4.Џемот складирајте го во чисти суви тегли, па ставете ги теглите во рерна без капаци да се потпечат. Рерната исклучете ја и оставете ги теглите да се оладат во рерната. Постапката погледнете ја ОВДЕ.