Посна компир-салата со богат вкус
Едноставна, брза и неверојатно вкусна – оваа посна компир-салата е еден од оние рецепти што веднаш стануваат омилени.
Комбинацијата од меки компири, свежи зеленчуци и кремаст посен мајонез создава идеална салата за секој ден, но и за свечена трпеза, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
6 средно големи варени компири
3–4 кисели краставички
1 главица црвен кромид
1 млад кромид
1 рака свеж магдонос
5–6 лажици посен мајонез
сол, црн пипер, лук во прав и копар – по вкус
НМД
Начин на подготовка:
Варените компири оставете ги целосно да се изладат, па исечкајте ги на подеднакви коцки и ставете ги во подлабок сад.
Ситно исечкајте ја главицата црвен кромид и додајте ја кај компирите. Исечкајте го младиот кромид на тенки крукчиња и додајте го во садот.
Киселите краставички исечкајте ги што е можно поситно, слично како за руска салата, и додајте ги во смесата.
Магдоносот ситно исечкајте го и соединете го со останатите состојки. Нежно промешајте со лажица за состојките рамномерно да се распределат, а потоа зачинете со сол, црн пипер, лук во прав и копар, по сопствен вкус.
На крај додајте го посниот мајонез и повторно внимателно промешајте додека салатата стане кремаста и добро поврзана.
Совет: Највкусна е кога ќе отстои најмалку еден час во фрижидер, за да се соединат сите вкусови. Супер прилог, но и одличен самостоен оброк! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































