Најсочно пилешко досега…Испробајте го овој рецепт, одлична идеја за ручек..Кога го приготвив на овој начин, пилешкото беше толку вкусно што сите во куќата беа воодушевени и сега редовно го правиме за ручек! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

800 г пилешко бело месо
3 јајца
црн пипер и сол по вкус
60 г мајонез (јас користев со вкус на сланина)
60 г брашно
малку магдонос
100 г рендан кашкавал

ПОСТАПКА:

1.Пилешкото месо исечкајте го на коцкички и сипете го во подлабок сад. Додајте 3 јајца, посолете и запиперете по вкус. една рака сечкан магдонос, мајонез и брашно, па промешајте.

2.Додајте ситно рендан кашкавал и повторно промешајте. Во широка тава сипете малку масло и кога ќе се загрее на умерена температура, црпете со лажица и пржете ги крокетите или уштипците (не знам како да ги наречам).

3.Пржете ги од двете страни додека убаво да заруменат. Многу се повкусни од плескавиците. Вадете ги врз чинија со хартиена салветка и послужете ги со прилог по вкус. Постапката погледнете ја ОВДЕ.