Најлесна пита со готови кори…Овој рецепт е вистинско совршенство…Еве што ви е потребно за да ја приготвите оваа брза и вкусна пита:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 пакување кори за пита 450 г
2 јајца
200 мл цврст јогурт или кисела павлака
200 мл млеко
80 мл маслиново масло
прстофат шеќер
1 лажичка сол
1 лажица брашно
1 лажичка прашок за печиво (7 г)
100 мл вода

За фил:
350 г шунка, рендана или сечкана
200 г кашкавал, рендан. + 6-7 тенки парчиња
се пече на 180-200 степени

ПОСТАПКА:

Корите исечкајте ги на ленти и оставете ги настрана. Изматете ги јајцата, јогуртот, млекото, маслото, водата, шеќерот, солта, брашното и прашокот за печиво. Измешајте сè, да нема грутчиња.

Во намастен и набрашнет огноотпорен сад ставете третина од корите. Обилно прелијте ги со смесата што ја измативте. Одозгора наредете тенки парчиња кашкавал, па посипете рендана шунка, па повторно слој кори и залијте со филот.

Посипете кашкавал, шунка, па остатокот од корите и остатокот од филот. Притиснете со лажица за да се израмни, па посипете сусам и ставете да се пече на 180 Целзиусови степени додека да зарумени.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/vMUsR6Es8yY?si=Smc_Lm5WT5hQyIwi