Фото и рецепт: Станислава Бановиќ
Овој рецепт сигурно ќе ви се допадне.
Потребни состојки:
1 мала зелена и една мала жолта тиквица
1 модар патлиџан
2 компири
2 бабури пиперки
2 домати
1 главица кромид
200 мл неутрална павлака за готвење
Сув зачин по вкус
200 г кашкавал кој убаво се топи
Малку масло за тавата
Постапка:
Модриот патлиџан исчистете го и исечете го на тркалца. Тиквичките исто така, само отстранете го почетокот и крајот, па исечете ги на тркалца.
Пиперките, доматите како и компирите исечете ги на тркалца, а кромидот на коцки.
Намастете го дното на тавата, па ставете сечкан кромид а врз него исправено редете го зеленчукот наизменично.
Кога ќе наредите се’, наросете одозгора со сув зачин и прелијте со неутрална павлака, па нарендајте кашкавал.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени 30-40 минути.
Фото и рецепт: Станислава Бановиќ