Мусака од модар патлиџан: старинско јадење, превкусно, прсти да излижеш!

Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ

Потребни состојки:

2 поголеми модри патлиџани
Малку масло
1 главица кромид
1 морков
1 пуперка
300 г мелено месо
3 лажици ориз
црвен пипер и зачини по вкус
1 шолјиче вода
3 јајца
300 мл млеко
Сол по вкус

Постапка:

Се лупат два поголеми модри патлиџани, се сечат на подебели кругови и се редат во тава обложена со хартија за печење. Одозгора малку се наросува со масло и се печат во рерна.

Мусака од модар патлиџан (Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ)

Додека се печи модриот патлиџан, се дроби еден кромид, 1 рендан морков, 1 пиперка се запржува малку и се додава 300 г мелено месо и 3 лажици ориз.

Убаво се пропржуваат сите состојки заедно, па се додава црвен пипер и зачини по вкус. Во една земјена тава се реди печениот модар патлиџан, па меленото месо и одозгора уште еден ред модар патлиџан.

Мусака од модар патлиџан (Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ)

Се полива со едно шолјиче вода и се пече на 220 степени. Кога убаво ќе се испече мусаката, одозгора се полива со 3 јајца изматени со 300 мл млеко и малку сол по вкус. Се враќа во рерна да се допече уште 5-10 минути, па се исклучува.

Мусака од модар патлиџан (Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ)

Мусака од модар патлиџан (Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ)

Loading...