Мусаката од црвени пиперки е едно од оние јадења кои кога ќе ги пробате, не можете да го заборавите вкусот и секогаш ќе сакате да го повторите рецептот.
Оваа мусака можете да ја приготвувате преку цела година, затоа што секое домаќинство си подготвува пиперки за зимница.
Мусаката направена од црвени пиперки се прави од печени, а потоа пржени пиперки, и само така навистина има одличен вкус.
Пиперките измијте ги претходно, испечете ги, излупете ги, испржете ги и потоа наредете ја мусаката. Мусаката направена од црвени пиперки се пече 20 минути на 200 степени и се користи тепсија со дијаметар од околу 26 см. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1,5 кг пиперки
4 јајца
сол
брашно
масло за пржење
За фил:
1/2 кг мелено месо
1 главица кромид
1 лажица масло
сол, црн пипер, црвен пипер
сув зачин
150 мл сос од домати
4 јајца
100 мл крем за готвење/неутрална павлака
6 листови кашкавал
малку масло за подмачкување на тепсијата
ПОСТАПКА:
Печените пиперки излупете ги и исчиститете ги од семето, па похувајте ги: најпрво валајте ги во брашно, па во јајца и испржете ги во умерено загреано масло.
Пропржете ситно сечкан кромид, па додајте го меленото месо и зачинете. Динстајте го под капак додека да ја смени бојата, па зачинете го по вкус и додајте доматен сос. Динстајте 10-тина минути.
Намастете огноотпорен сад и на дното наредете пиперки. Врз нив распоредете го меленото месо, па кашкавал, па пиперки, кашкавал и одозгора залијте со мешавина од јајца и павлака.
Печете 15-тина минути во рерна загреана на 200 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.