На сите ни е познато колку појадокот е важен. Оние што рано стануваат и одат на теш-ка физичка работа, потребен им е покалоричен оброк кој ќе им даде сила и енергија во текот на денот, а оние кои имаат канцелариска работа, обично им се препорачува да појадуваат лесни оброци, најчесто овошје.




Меѓутоа, најчесто луѓето немаат време да си приготвуваат комплицирани рецепти наутро, а некои едноставно немаат навика за тоа. Со овој рецепт појадокот ќе го приготвите за 10 минути, а толку е заситен што од него ќе може да појадува целото семејство.




Понекогаш можете да го приготвите и како лесен ручек, но и за вечера. Потребни ви се готови тортиљи кои можете да ги најдете во речиси секој поголем маркет, јајца и сè она што ќе ви се најде во фрижидер. Еве како се приготвува.




Потребни состојки: 4 тортиљи, 3 јајца, сол и црн пипер по вкус, 100 г шунка исечена на ленти, 120 г рендан кашкавал по ваш избор (може и на ленти), 1 домат исечкан на тркалца, малку путер (10 г) за намастување на тавата




Постапка: намастете ја тавата со путерот. Јајцата во посебен сад изматете ги, посолете ги и запиперете ги пои вкус. Истурете половина од изматените јајца во намастената тава.




Одозгора ставете една тортиља и притиснете со дланката за да се натопи во јајцата. Врз  неа наредете неколку листови шунка и рендан кашкавал, па повторно тортиља, а врз неа наредете тркалца од домат и рендан кашкавал.




Повторно ставете тортиља, а врз оваа наредете како и првиот пат, листови шунка и рендан кашкавал. Завршете со четвртата тортиња, добро притиснете ја, па врз неа внимателно истурете го остатокот од изматените јајца.




Ако е потребно, јајцата нанесете ги со силиконска четка, за да биде тортиљата убаво зафатена од сите страни. Поклопете со капак, па ставете на рингла. Печете на тивок оган неколку минути.




Потребни се од 2 до 5 минути печење, а потоа внимателно превртете ја питата да се потпече и до другата страна, па продолжете со печење уште неколку минути. Истото ова можете да го направите и во рерна.




Појадокот е готов, а постапката можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ и подолу да ги погледнете фотографиите од галеријата: