За сите љубители на колачи со бисквити, многу убаво и едноставно, идеален како неделен десерт, за гости или за вашите домашни, а го сакаат и младите и старите. Прочитајте го рецептот за мраморен колач со бисквити кој не се пече, а за вториот рецепт се мати смеса, се излева и се пече. Еве што ви е потребно:

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 1 кутија петит бисквити. ЗА КРЕМОВИТЕ: 500 мл полномасно млеко, 500 мл слатка павлака, 6-7 лажици шеќер (кристал) или по вкус, 2 кесички ванилин шеќер, 10-12 лажици густин (околу 100 г), 100 г чоколадо за готвење.




И УШТЕ: 100 г бело чоколадо за готвење (јас користев со вкус на кокос), обично или чоколадно млеко за натопување на бисквитите (250-300 мл). Гголемината на садот каде што ја правев тортата е 30х20 см. Декорацијата на колачињата оставам на вас.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 3 јајца, 15 лажици брашно, 15 лажици шеќер, 15 лажици масло, 15 лажици млеко, 1 прашок за печиво, 2 кесички шеќер со вкус на лимон (како ванилин шеќер, само со вкус на лимон, или само изрендајте кора од лимон), 3-4 редови чоколадо за готвење или по вкус, 1 рака суво грозје натопено во рум, 1 лажичка рум за вкус по желба.

ВТОР РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА (ПРВ РЕЦЕПТ): За подготовка на кремот. Во еден сад измешајте ги полномасното млеко и слатката павлака. Издвојте 200 мл од количината и измешајте со шеќерот, ванилиниот шеќер и згуснувачот.




Остатокот ставете го на оган да се зготви, па кога ќе зоврие полека го додавате шлагот. Гответе и изматете со жица за матење кога ќе добиете густа и компактна смеса околу 2-3 минути готвење, по варењето. Тргнете од оган и поделете го кремот на два еднакви делови.




Во првиот дел додајте растопено темно чоколадо, потоа убаво измешајте со лажица за да се соедини чоколадото во смесата со млеко. Во вториот дел додајте бело чоколадо, јас користев со вкус на кокос, можете да користите обично или по ваш вкус.




Соединете ја белата чоколада со млечната смеса. Филовите се подготвтени, така што потребно е да го подготвите калапот или плехот каде што ќе ја правите тортата. На дното од калапот ставете бисквити, претходно натопени во млеко, може и во чоколадно млеко, по желба премачкувајте од кремовите наизменично.




Еднаш премачкувајте со темниот, а еднаш со белиот крем за да добиете мраморен ефект на колачот. Редете фил, па бисквити и така додека да го исполните садот до горе и да ги потрошите двете креми. На крајот, тортата се премачкува со кремовите.




Добро изладете го колачот во фрижидер, по можност преку ноќ. Следниот ден декорирајте по желба, со изматена слатка павлака или растопено чоколадо. / Coolinarka.com. Во продолжение прочитајте ја постапката и за вториот рецепт:

ПОСТАПКА (ВТОР РЕЦЕПТ): Јајцата кратко изматете ги со жица, па постепено додавајте го шеќерот, лимонскиот шеќер (или изрендајте малку лимонова кора). Додајте масло, млеко, брашно и прашок за печиво. Добро соединете. Додајте го натопеното суво грозје и малку рум, па потоа и чоколадото искршено или изрендано со нож за да има и покрупни парчиња.

Смесата се излева во плех 27х37 см (помал плех) претходно обложен со хартија и ставете да се пече во загреана рерна на 200-250 степени околу 20-25 минути (или според вашата рерна). Штом малку зарумени на коричката, ставете хартија одозгора за да не изгори колачот.

Печениот колач извадете го да излади, па исечете го и наросете го со шеќер во прав. Напомена: Во смесата можете да додадете и повеќе чоколадо, ореви или било што по ваша желба. Исто така, можете прво да ги изматите белките со шеќерот, па откако ќе добиете цврст снег да ги додавате една по една жолчките.

Можете да пробувате разни варијанти од истите состојки и секојпат се добива поинаква текстура и вкус. Исто така, можете да одвоите 2-3 лажици од смесата и во нив да додадете 1 лажица какао и малку млеко, па кога ќе ја излевате смесата во плех, малку да ја прошарате и ќе добиете мраморен ефект.

Ако не можете да најдете таков шеќер со лимон, едноставно само изрендајте малку кора од лимон. / Фотографија и рецепт на Јасмина Калиман