Кога станува збор за свечените трпези по повод некоја прослава, а особено куќните слави, тогаш солените торти се апсолутни кралици за многу гурмани. Ако ги сакате кремастите салати, тогаш сигурно многу ви е тешко да им одолеете на вкусните солени торти.

Најлесните и најбрзите се оние кои се приготвуваат со тост-леб, бидејќи нема потреба да печете кори, потоа со солени крекери кои се премачкуваат со вкусен фил, торти со шарени кори кои освен што се вкусни, се и декоративни на пресек, а има и такви кои се прават без кори. Во продолжение прочитајте три рецепти, а вие одлучете која најмногу ви се допаѓа.

РЕЦЕПТ 1 – БРЗА СОЛЕНА ТОРТА СО ТОСТ-ЛЕБ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 цел тост-леб, 3 чаши кисела павлака (од 180 г), 300 г мајонез, 150 г шунка, 1.5 супена лажица кечап, 8 кисели краставички, 3 варени јајца, 100 г кашкавал

РЕЦЕПТ 2 – СОЛЕНА ТОРТА СО СПАНАЌ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за 1.кора: 2 јајца, 1 чаша јогурт (180 мл), 1 чаша брашно, 1/2 кесичка прашок за печиво (5 г), 100 мл масло, малку сол. За 2.кора: исто како за првата + 1 чаша обарен и исечкан спанаќ. За 3.кора: исто како за првата + 1 лажичка мелен црвен пипер

ЗА ФИЛ: 500 г ситно сирење, 300 г сечкана шунка, 100 г маргарин или 3 триаголници топено сирење (здренка)

РЕЦЕПТ 3 – БРЗА СОЛЕНА ТОРТА СО КРЕКЕРИ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г крекери, 400 мл јогурт, 200 г сусам, 200 г рендан кашкавал, 200 г мајонез, 2 кисели павлака (од 180 г), 200 г шунка

ПОСТАПКА за рецепт 1: Направете го првиот фил: помешајте 100 г мајонез, 1 павлака, исечена или изрендана шунка и кечап. Потоа направете го вториот фил: 100 г мајонез и 1 павлака, помешајте со 3 исечкани кисели краставички.

Третиот фил се прави така што се меша преостанатата павлака и мајонез со рендани варени јајца и 5 сечкани кисели краставички. Наредете еден слој тост-леб (6 парчиња, по 3 во два реда) врз долгнавеста тацна. Потоа премачкјате го првиот фил.

Потоа повторно наредете тост-леб, па распоредете го вториот фил и израмнете, и на крај, наредете го третиот слој тост-леб и премачкјате со третиот фил. Одозгора само наросете ситно рендан кашкавал и тортата е спремна. Следи постапката за вториот рецепт:

ПОСТАПКА за рецепт 2: Измешајте ги поединечно состојките за сите три кори и печете ги по ред, по 20 минути во рерна загреана на 200 степени. Изматете ги состојките за фил, па премачкјате ги оладените кори една врз друга, а на крај и целата торта. декорирајте по желба со јајца, кашкавал, шунка. Следи постапката за третиот рецепт:

ПОСТАПКА за рецепт 3: Испете го сусамот во сува тава на ниска температура колку да замириса убаво и оставете да се олади. Длабок калап со четвртаст облик обложете со фолија и наросете го со сусам. Одозгора наредете крекери кратко натопувани во јогурт. Преку крекерите распоредете половина од филот, па повторно крекери, фил и на крај крекери.

За фил потребно е сите состојки да ги измешате. Тортата оставете ја во фрижидер да преноќи, па следниот ден превртете ја врз тацна, сусамот да дојде одозгора. декорирајте со морков и крекери.

Сооlinarika.соm