Постојат различни рецепти за пити со различни постапки за приготвување, но оваа пита со готови кори и мелено месо е нешто – врв, рецепт кој секому му го препорачувам. Доколку ги сакате овој вид на пити, сочни, залиени и со богат вкус, тогаш запишете си го рецептот на Зора, верувајте ми, ќе бидете воодушевени.
![]()
![]()
![]()
![]()

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г кори за пита, 1 средна главица кромид, 500 г мелено месо по избор, 3 компири со средна величина, зачини по вкус: сол, сув зеленчуков зачин (вегета), црн пипер во прав.

![]()
![]()
![]()
![]()
ЗА ПРЕЛИВ: 3 јајца, 100 мл масло, 1 кисела павлака/цврст јогурт (180-200 г), 200 мл минерална вода, 1 лажичка сол. ПОСТАПКА: Кромидот ситно исечкајте го и кратко пропржете го на масло додека да застакли и малку да омекне, па додајте го меленото месо.




Зачинете по вкус со сол, мелен црн пипер и зеленчуков мешан зачин, па динстајте уште неколку минути со непрекинато мешање, додека да испари течноста што ќе ја испушти месото и да ја промени бојата.

![]()
![]()
![]()
![]()
За тоа време излупете ги компирите и изрендајте ги на крупната стран од рендето. Ренданиот компир додајте го во тавата заедно со месото и кромидот, па ако е потребно зачинете уште малку. Промешајте и тргнете ја тавата од оган. Оставете малку да излади.
![]()
![]()
![]()
![]()

Во огноотпорен сад 35х25 претходно намастен, ставете една кора превиткана на половина. Таа кора премачкајте ја со малку масло и врз неа ставете уште една кора, исто така превиткана (како да сте ставиле 4 кори една врз друга).

![]()
![]()
![]()
![]()
Врз оваа кора ставете малку фил, па покријте со нова кора, па повторно фил и така по ред додека да го потрошите материјалот. Последните две кори наредете ги без фил. Исечете ја питата на коцки (со величина по ваша желба).

![]()
![]()
![]()
![]()
Потоа прелијте ја со смесата од јајца. Потргнете малку со ножот за да може преливот да навлезе убаво помеѓу засеците. За прелив: јајцата изматете ги со виљушка, додајте масло, кисела павлака или јогурт, минерална вода и сол.

![]()
![]()
![]()
![]()
Оставете 30 минути корите добро да се натопат, па потоа печете во претходно загреана рерна на 180 степени додека убаво да зарумени одозгора. Испечената пита оставете ја да отстои 15-тина минути и послужете со салата по ваш избор. / Сооlinarika.сom











