Јелена Шарац: Не може да помине ниту една зима без него, неодолив е и вкусн додаток на многу јадења. Пробајте го мојот Салса сос, нема да се покаете. Со години го приготвувам и никогаш нема да го променам рецептот. Брзо и многу лесно се приготвува.




Потребни состојки: 2 кг домати, 3 пиперки со средна величина, 1 главица црвен кромид, 1 главица бел кромид, 7-8 чешниња лук, 1 луто пиперче (може и повеќе, по вкус), 1 лажица сол, 1 лажица шеќер, 4-5 лажици масло, свеж босилек, свеж магдонос




Постапка: најпрво зеленчукот убаво измијте го со ладна вода и оставете го да се исцеди. Доматите засечете ги во крстче од задната страна и наредете ги на дното од едно пошироко и длабоко тенџере.




Доматите прелијте ги со врела вода, па тенџерето ставете го на рингла. Од моментот кога ќе зоврие водата, варете ги доматите само една минута, а потоа тенџерето тргнете го на страна.




Трите пиперки исчистете ги од дршките и семето, па исечете ги на коцки или ленти (како ви е полесно), ставете ги во блендер и сомелете ги. Потоа исчистете ги двете главици кромид, 8 големи чешниња лук и една лута пиперка (или повеќе).




Кога доматите ќе се сварат во „еден клуч“, надобро е да ги прелиете со „мраз“ ладна вода со неколку коцки мраз во неа, а може да ги оставите и природно да се оладат. Но, ако направите според првиот начин, многу побрзо и полесно ќе можете да ги излупите.




Значи, излупете ги доматите, а потоа ситно исечкајте ги и ставете ги во еден посебен сад. Во едно длабоко и широко тенџере ставете 4-5 лажици масло и вклучете ја ринглата да се загрее.




Додајте го ситно сечканиот кромид и издинстајте го неколку минути. Кога малку ќе се запржи, во кромидот додајте го сечканиот домат, мелените пиперки и крупно исечканиот лук и лутата пиперка.




На оваа количина додајте една полна супена лажица сол и една полна супена лажица шеќер. Зачинете со една лажичка сув босилек или свеж ако имате, една лажичка суво оригано и една-две раце свеж магдонос.




Промешајте ја содржината во тенџерето и оставете да се готви на умерена температура (на 3 од вкупно 6 на ринглата). Повремено промешувајте за да не дојде до загорување. Вкупно ќе ви биде потребно околу еден час за да се зготви Салса сосот.




Чистите и испрани тегли стерилизирајте ги во рерна или едноставно држете ги кратко време врз пареата додека се готви сосот. Капачињата измијте ги и пребришете ги со ал кохол. Врелиот сос многу внимателно складирајте го во теглите.

Затворете ги добро и превртете ги за да се вакумираат. Вака оставете ги да се оладат, а потоа чувајте ги на темно и суво место. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.