Ако сме незадоволни, лути, депресивни – тоа е знак нои предупредување, дека некаде грешиме и треба да побараме помош. Ако го игнорираме предупредувањето, болката ќе стане посилна.
Често за да ги умртвиме нашите чувства на физичко, емоционално или ментално ниво, се вртиме кон седативи за смирување.
Проблемите на другите луѓе секогаш полесно ги согледуваме, бидејќи сами ретко забележуваме каде правиме грешки.
Реики е вештина која нѝ помага енергетски да воочиме дека постои проблем, потоа можеме да лоцираме каде се повредите, каде е причината, какви се и кои се последиците и на кои начин можеме да си помогнеме себеси во лекувањето.
Секој од нас, како што ја добива енергијата, така ја и пренесува, свесно или несвесно од средината во која и да е. Всушност, сè што даваме назад нѝ се враќа.
Започната универзална животна енергија тече низ нашите мали чакри на нашите дланки и стапалата.
Со положување на дланките на делови од нашето тело доаѓа до напојување на нашиот ум и тело со оптимална животна енергија, излекување, балансирање на нашите енергетски системи и зајакнување на механизмите за одбрана, што резултира со подобрување на сеопфатни аспекти на нашите животи.
Ова го вклучува самотретманот на првото ниво и исцелување на другите и себеси во следните нивоа почнувајќи од второто. Исто така, можеме да лекуваме и животни и нашата животна средина.
Подарок на овој процес е можноста за повторна хармонија со себеси и околината што нè воведува во мир и спокојство. Исто така, учењето кое го дава реики нѝ помага подобро да го разбереме животот и сето она што го сочинува.
Умот е центар на нашите животни функции и како што се вели “Ние сме она што јадеме”на физичко ниво, исто така, е и“ние сме она што го мислиме”на ментален, емоционален и енергетски план!
Што може да предизвикаат нашите мисли?
Тоа значи дека мислите кои ги проектираме и емоционалните реакции кои тие ги предизвикуваат, делуваат на структурата на нашиот ум. Нашето тело, а и нашиот живот се одраз на нашиот ум.
Електро-магнетното поле на Земјата, како голем енергетски организам каде што се наоѓаме и чија сме мала енергетска клетка, има свои законитости.
Тоа не е дедо кој седи на облакот и ги собира нашите добри и лоши дела, со цел да нѐ награди или нѐ казни според нашите резултати.
Тоа е математичко-енергетски систем кој работи на принципот на трансферот на енергетски информации кои имаат свои одраз како во Универзумот така и како одраз во нашето био поле, а со тоа и во нашите животи.
Кога интензивно мислиме за нешто, истовремено испраќаме енергетски запис кој презема био поле околу нас.
Нашите мисли предизвикуваат определување на емоционални реакции.
Секогаш кога ќе ги смениме емоциите, на пример, од фрустрација се движиме кон радост, доаѓа до 1.400 биохемиски промени во телото.
Кога ќе помислиме на сите емоции кои ние ги чувствуваме во еден ден можеме да видиме дека емоциите создаваат многу промени во нашата физиологија.
Значи, секако има смисла да почнеме да обрнуваме внимание на менталната храна, исто како и на храната за телото.
Тоа е еден од клучевите за подобро здравје. Тоа, секако, го забавува процесот на стареење. Силните негативни емоции нѐ дегенерираат.
Позитивните емоционални состојби нѐ регенерираат. Преку формирање на модели на мислата поддржани од канализирање на универзална животна енергија влегуваме во мир и спокојство на својот живот.
Со цел подлабоко да се разбереме и свесно да ја користиме енергијата која е околу нас ќе нѝ помогнат реики симболите. Реики симболите се важни и се многу важен дел од практиката на реики.
Овозможуваат концентрација на енергијата на реики за посебни намени. Тие се клуч за придвижување на енергија. Нивната моќ и ефективноста нѝ доаѓа со љубов која нѝ овозможува да ја прифатиме вредноста која ја добиваме како подарок од Универзумот.
Др. Жарко Илиќ
Извор: PročitajViše.com