Рецепт за смути од цвекло, цреши и малини – ризница од витамини, минерали и енергија!

Ако често се чувствувате уморно и потребна ви е доза на енергија, во својата исхрана воведете го овој напиток кој ќе ви помогне да закрепнете и побрзо да се опоравите.

Недостигот на енергија честопати е последица на слабокрвност која можете да ја победите со помош на цвекло, моќна намирница која овој смути го претвора во вистинска мала енергетска бомба.

Не плашете се од земјениот вкус на свежото цвекло кој многумина не го сакаат, бидејќи ќе биде замаскиран од останатите намирници кои се во составот на овој напиток.

Сочни цреши, малини, слатка банана и лимон…сите овие намирници ќе се погрижат за прекрасниот вкус на смутито кое вашиот организам повторно ќе го вратат во форма.

Потребни состојки:

½ банана
1 мало свежо цвекло
1 рака цреши без семки
1 рака малини
1 мал морков
½ лимон – сок
200 мл ладна вода

Постапка:

Во блендер или апарат за смути ставете ја исечканата банана, додадете го измиеното и исечканото цвекло, измиените малини, црешите исчистени од семки, морковот исечкан на помали парчиња, сокот од лимон и водата.

Сето добро изблендирајте го додека да добиете изедначена, хомогена смеса.

Ако сакате дополнително малку да го разладите овој напиток, додадете во него и неколку коцки мраз. Декорирајте со неколку листови нане.

Испијте го додека е свеж, не го оставајте да оскидира. Со секоја голтка ќе чувствувате како ви се враќа енергијата.