Мојата „СПРИНТ“ пита-колач за секој ден ги руши сите рекорди во брзина на приготвувањето…мека и вкусна како душа…

Се прави од состојки кои најчесто сите ги имаме ма дои одлична е за секој ден или кога ќе ви дојдат ненајавени гости. Еве што ви е потребно за овој колач:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 јајца
1 прстофат сол
200 г шеќер
120 мл масло
120 мл јогурт или кефир
300 г брашно
1 кесичка прашок за печиво 8 г

за фил:

За фил:
300 г крем/младо сирење или несолена урда
3 супени лажици шеќер во прав или по вкус
1 јајце

Димензии на калапот 30х20 см. Печете на 180°C 45 минути.

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад скршете 4 јајца, додајте прстофат сол и изматете. Додајте 200 г шеќер и матете додека смесата стане светла, кремаста и го удвои волуменот. Потоа додајте масло и кефир и кратко изматете.

Потоа постепено додајте просеано брашно помешано со прашок за печиво, на 2-3 пати. Мешајте рачно со бавни движења додека да се разбијат грутчињата и да добиете комапктна смеса. Излејте во намастен и набрашнет калап 30х20 см.

Во посебен сад изматете го крем сирењето/урдата со шеќерот во прав и јајцето. Оваа смеса сипете ја во готварски шприц/кеса, па направете шари врз излиеното тесто.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, приближно 45 минути или додека да зарумени одозгора.

Печената пита оставете малку да подизлади, па одозгора наросете ја со шеќер во прав и послужете ја. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.