Home закуска Модрите патлиџани не ги пржам, туку ги печам во рерна…Многу вкусно јадење

Модрите патлиџани не ги пржам, туку ги печам во рерна…Многу вкусно јадење

Модрите патлиџани не ги пржам, туку ги печам во рерна…Многу вкусно јадење, прсти да излижеш.

Понекогаш ги полнам со мелено месо, некогаш со сечкани домати помешани со сирење, а овојпат ги наполнив со печурки. Пробајте, нема да се покаете. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 модри патлиџани
3 лажици масло
1 лажичка црвен пипер
сол, црн пипер и оригано по вкус
2 чешниња лук, рендани
1 главица кромид
1 пиперка
печурки количина по избор
пармезан или рендан кашкавал за одозгора

ПОСТАПКА:

Патлиџаните исечете ги на половина, а во средината засечете ги со дијагонални и попречни линии. Измешајте го маслото со зачините и ренданиот лук, па испечете го 20-25 минути во загреана рерна на 180 степени.

За тоа време испржете ситно сечкан кромид, пиперка и печурки. Зачинете по вкус и динстајте додека да испари вишокот течност.

Наполнете ги патлиџаните со филот и одозгора посипете рендан кашкавал. Допечете ги уште 10 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.