Ќе ви стане омилена зимска салата! Модриот патлиџан освен што е многу вкусен, приготвен на овој начин е и многу здрав. Заедно со доматите, лукчето и пиперките добивате една превкусна салата.




Потребни состојки: 4 кг модар патлиџан, 10 поголеми домати, 10 црвени пиперки, 5 главици лук, 3 лути пиперчиња, по желба, 1 шолја (од 200 мл) шеќер, 2 лажици сол, 1 шолја масло и 150 мл бел оцет 9%




Постапка: исечете го патлиџанот на кругови, наредете ги во тепсија и малку посолете ги одозгора. Оставете ги да отстојат додека да се исцеди вишокот течност, па одлијте ја течноста и оставете патлиџанот да се исуши.




Останатиот зеленчук убаво измијте го, излупете го, отстранете ги семките и петелките од пиперките, па исечкајте ситно и сомелете. Круговите патлиџан наредете ги во големо тенџере, одозгора излејте ја мелената смеса од зеленчук, додајте ги зачините и оцетот, па ставете на оган да се загрее.




Зеленчукот ќе испушти течност и затоа треба да се готви 30 минути, додека да испари вишокот течност. Не дозволувајте водата да врие, туку варете на умерен оган. Потребно е да „крчка“ на тивко со повремено или постојано промешување, во зависност од тоа како ќе згуснува смесата.




Потоа полнете ги теглите претходно стерилизирани и загреани, затворајте ги веднаш со метални капаци и завиткајте ги во ќебе. Оставете ги така до следниот ден додека да изладат. Потоа чувајте ги на темно и ладно место. / Сооlinarika.com Прочитајте го и следниот рецепт: МАКЕДОНСКА САЛАТА – Со печен модар патлиџан во рерна, лук и магдонос.




Потребни состојки: 2 модри патлиџани, 3 чешниња лук, 1 кетка магдонос, 50 мл маслиново масло, малку оцет и сол по вкус. Постапка: Патлиџаните измијте ги и излупете ги наизменично (не до крај, да бидат малку шаремни). Исечете ги на кругови со дебелина од 1 см. Посолете ги и добро измешајте ги. Секој круг со помош на силиконска четка премачкајте го со малку масло од двете страни.




Наредете ги круговите во плех обложен со хартија и ставете ги да се печат во загреана рерна неколку минути додека убаво да заруменат. Во меѓувреме ситно исечкајте го магдоносот, лукчето, помешајте со маслиново масло, додајте малку оцет по вкус и малку посолете.




Земете еден сад и во него ставете околу три лажици од мешавината со масло и магдонос. Потоа редете ред печени кругови од модар патлиџан, па ред од мешавина за премачкување, и сè така додека да ви се потроши материјалот. Салата добро изладете ја, па послужете ја. / Фотографија и рецепт на Вера Стеффен. Ова е втората верзија, сличен рецепт, ама вреди да го прочитате:




Потребни состојки: 2 модри патлиџани, 3 чешниња лук, 1 рака свеж магдонос (сечкан), 4 лажици маслиново или друго масло (од тиква, ленено…), 3 лажици оцет, сол по вкус и малку масло. Постапка: модриот патлиџан измијте го, излупете го и исечете го на тркалца со дебелина приближно еден прст. Посолете ги одозгора и сосем малку намастете ги од двете страни.




Редете ги во плех облоен со хартија и печете ги во добро загреана рерна на 220 степени околу 20 минути. Доколку сакате, можете и да ги пржите во масло, но ова е многу поздрава варијанта, бидејќи модриот патлиџан впива доста масло при пржењето.

Додека се пече патлиџанот, пригответе го сафтот: Ситно исечкајте го магдоносот, а лукот исчистете го и колку можете поситно исечкајте го. Посолете, додајте масло и оцет. Убаво промешајте и оставете да отстои за да се соединат вкусовите.

Печениот модар патлиџан додека е врел редете го во сад и наизменично полевајте го со сафтот (ред сафт, ред патлиџани) додека да ги потрошите состојките. Салатата покријте ја со проѕирна фолија и оставете ја во фрижидер добро да излади.

салата од модар патлиџан / зимница
салата од модар патлиџан / зимница