Солени топчиња – Предјадење што освојува на прва залак
Овие солени топчиња се вистински хит на секоја трпеза: нежни, сочни и полни со хармонични вкусови што ги спојуваат кремозноста на сирењето, свежината на зеленчукот и аромата на пржен сусам.
Совршени како ладно предјадење за прослави, семејни собири или брза закуска, тие се подготвуваат лесно и исчезнуваат за миг, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 300 г пилешко бело месо
– 1 морков
– 4 кисели краставички
– 180 г кисела павлака (20 % масленост)
– 100 г фета сирење
– 1 полна лажичка сенф
– 100 г печени кикиритки
– сол по вкус
– 100 г сусам

Постапка:
Варете го пилешкото бело месо во вода со малку сол и еден морков додека целосно омекне. Оставете го да се излади, па исечкајте го поситно. Варениот морков и киселите краставички изрендајте ги.
Сусамот прпржете го на сува тава. Кикиритките сомелете ги во блендер. Фета сирењето изронете го со виљушка.
Во подлабок сад ставете го исечканото месо, ренданиот морков, ренданите кисели краставички, киселата павлака, изронетото фета сирење и сенфот.
Добро измешајте сè за да се соединат вкусовите, па посолете по потреба. На крајот додајте ги мелените кикиритки и повторно промешајте за да се создаде компактна смеса.
Од смесата формирајте топчиња (околу 25-30 парчиња, во зависност од големината). Секое топче валајте го во пржениот сусам за да се обложи рамномерно.
Послужете ги ладни и уживајте во нивната извонредна комбинација на вкусови. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:












