Многу вкусно посно јадење за 20 минути…Ако имате компири не пропуштајте го овој брз рецепт…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кг млад компир
30 г путер/маргарин
2 чешниња лук
по 1/2 китка магдонос, копар, власец
кора и сок од 1 лимон
60 мл маслиново масло

За сос:
2 конзерви грав (400 г)
2 лажици кисела павлака/или посен мајонез
2 лажици нутритивен квасец (неактивен, за вегани), опционо
125 мл растителен булјон/супа
сол, црн пипер

ПОСТАПКА:

1.Компирите потопете ги во ладна вода, посипете ги со лажичка сода бикарбона и прстофат сол, па варете ги додека да омекнат.

2.Сите состојки за сосот ставете ги во блендер и измиксајте додека да добиете кремаста смеса.

3.Во широка тава растопете го путерот и пропржете ситно сечкан лук. Сипете ги процедените компири и пржете ги додека за да заруменат.

4.Ситно исечкајте ги зелените билки и додајте ситно рендана кора од лимон и сок. Посолете, запиперете и промешајте. Додајте ја смесата во компирите и промешајте.

5.Во чинијата сипете прво од сосот, па одозгора компирите и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.