Home закуска Многу вкусно посно јадење за 20 минути…Ако имате компири не пропуштајте го...

Многу вкусно посно јадење за 20 минути…Ако имате компири не пропуштајте го овој брз рецепт…

Многу вкусно посно јадење за 20 минути…Ако имате компири не пропуштајте го овој брз рецепт…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кг млад компир
30 г путер/маргарин
2 чешниња лук
по 1/2 китка магдонос, копар, власец
кора и сок од 1 лимон
60 мл маслиново масло

За сос:
2 конзерви грав (400 г)
2 лажици кисела павлака/или посен мајонез
2 лажици нутритивен квасец (неактивен, за вегани), опционо
125 мл растителен булјон/супа
сол, црн пипер

ПОСТАПКА:

1.Компирите потопете ги во ладна вода, посипете ги со лажичка сода бикарбона и прстофат сол, па варете ги додека да омекнат.

2.Сите состојки за сосот ставете ги во блендер и измиксајте додека да добиете кремаста смеса.

3.Во широка тава растопете го путерот и пропржете ситно сечкан лук. Сипете ги процедените компири и пржете ги додека за да заруменат.

4.Ситно исечкајте ги зелените билки и додајте ситно рендана кора од лимон и сок. Посолете, запиперете и промешајте. Додајте ја смесата во компирите и промешајте.

5.Во чинијата сипете прво од сосот, па одозгора компирите и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.