Фото и рецепт: Дана Дробњак

Уште се нарекува и погача на лажица.

Потребни состојки:

350 мл млеко
1 лажичка шеќер
1 лажица сув квасец
1 лажичка сол
2 јајца
500 г брашно

За фил:

200 г сирење (ситно или фета)
200 г кисела павлака
150 мл млеко
1 јајце
сол по вкус

постапка:

Во млако млеко ставете шеќер и квасец. Промешајте и оставете да се активира околу 5 минути, па додадете сол, две јајца и брашно. Добро изматете со миксер. Тестото е меко исто како за мекици.

Оставете го тестото да стасува, па за тоа време премесете го 1-2 пати.

За фил: Сирењето издробете го, додадете кисела павлака, млеко, едно јајце и сол по вкус. Треба да добиете кашеста смеса.

Земете лажица, ставете ја во масло, па вадете тесто, валкајте го во филот и редете во круг во намастена тепсија 30 см.

Преостанатиот фил прелијте го одозгора. Оставете да стасува 20минути, па ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 35-40 минути, додека да добие златнокафеава боја.