Ова е е одличен десерт за посни празници, многу вкусен, многу лесен за приготвување.

Потребни состојки:

100 мл вода
1 ванилин шеќер
250 г шеќер
150 посен маргарин
80 г посно чоколадо
250 г ореви
250 г посни бисквити/кекси
2 лажички кафе
5 лажици кокос

За глазура:

150 г посно чоколадо
3 лажици масло

Постапка:

Во едно тенџере ставете 100 мл вода, 1 ванилин шеќер, 250 г шеќер, 150 г посен маргарин, 80 г посно чоколадо искршено на коцки. Ставете на тивок оган да се загрева додека да се растопат состојките и да се соединат.

Потоа додадете 250 г мелени ореви, 250 г мелени посни бисквити, 2 лажички мелено кафе и 5 лажици кокосово брашно. Промешајте убаво и тргнете на страна да излади смесата.

Потоа земајте од смесата и формирате валјаци, а со чепкалка за заби втиснувајте линија на средината за да добиете облик на кафе. Колачите редете ги во плех обложен во хартија, а потоа ставете ги во фрижидер да изладат околу еден час и добро да се стегнат.

За тоа време пригответе ја глазурата: 150 г посно чоколадо со 3 лажици масло растопете ги на тивок оган додека да се добие мазна глазура.

Секој колач ставете врз виљушка, па со лажица полејте го со глазурата, а со чепкалката повторете ја линијата во средина. Редете ги назад во плехот и вратете ги во фрижидер да изладат и да се стегне глазурата.

Деталите за постапката погледнете ги во видеото: