Многу вкусна вечера за 10 минути…Ако имате 3 компири не пропуштајте го овој рецепт…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
800 г (3-5) компири
100 г моркови или ситно сечкани црвени пиперка
1 мала главица кромид
1 китка магдонос
2 лажици брашно 40 г
3 јајца
1 лажичка сол, зачини по вкус
малку масло
За фил:
пиперки (3 црвени и 2 зелени)
2 чешниња лук
1 домат (по желба)
1 парче бело месо 200 г
1 мала главица кромид
1 лажичка сол
1 лажичка црн пипер
1 лажичка чили/буковец
100 г рендан кашкавал (по желба)
ПОСТАПКА:
Компирите изрендајте ги и оставете ги неколку минути да отстојат во ладна вода, па процедете ги. Додајте ги јајцата, рендан морков, ситно сечкан кромид и магдонос, брашно и сол, па промешајте.
Смесата распоредете ја во плех обложен со намастена хартија и печете 25-30 минути во загреана рерна на 200 степени. Кората оставете да се олади, па отстранете ја хартијата.
Пропржете го ситно сечканиот кромид на малку масло, па додајте го месото исечкано на мали коцки. Кога ќе ја промени бојата, додајте ја ситно сечканата пиперка и зачинете. По потреба додајте малку вода и динстајте под капак.
Кога ќе омекне додајте ги кашкавалот и ситно сечканиот домат.
Печената кора од зеленчук превртете ја и исечете ја на 6 парчиња. Секое парче можете да го филувате и да го виткате во ролат или да ги спојувајте по две и да ги филувате.
Одозгора посипете малку рендан кашкавал и вратете ги во рерна да се допечат уште 15 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ:
https://youtu.be/E2KGWER12dE?si=lkE2EvsFBQOnHZEv