Многу вкусна ПЧЕНКАРНА ПИТА СО ТИКВИЧКИ…Брза и лесна, измати и испечи…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 г рендани неисцедени тиквички
250 г пченкарно брашно
250 мл млеко
1 големо јајце
1 лажица кисела павлака (22% мм)
1 лажичка шеќер
сол, црн пипер
мелено чили или сечкана чили пиперка

За премачкување:
3-4 лажици кисела павлака (22% мм)

ПОСТАПКА:

1.Во сад изматете го јајцето со млекото и павлаката. Додајте ги брашното и зачините и сè убаво изматете со жица за да нема грутчиња, а на крајот вмешајте ги и тиквичките.

2.Намастете сад за печење (20 cm x 28 cm) и посипете го со лебни трошки. Истурете ја смесата во садот и израмнете ја.

3.Ставете го садот во рерна загреана на 200 °C и печете околу половина час. Потоа извадете ја питата од рерна, со нож исечете ја на коцки и одозгора намачкајте ја павлаката.

4.Вратете ја питата во рерна и печете додека да порумени одозгора (по потреба вклучете ја соодветната функција на рерната: инфрацрвен грејач, грил и сл.).

Послужете ја питата топла со јогурт или кисело млеко.